• 沒有找到結果。

Упатство за користење на Глобалниот стандард на IUCN за решенија засновани врз природата : Прво издание

N/A
N/A
Protected

Academic year: 2022

Share "Упатство за користење на Глобалниот стандард на IUCN за решенија засновани врз природата : Прво издание"

Copied!
78
0
0

加載中.... (立即查看全文)

全文

(1)

МЕЃУНАРОДНА УНИЈА ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА

Рамка, приспособена на корисниците, за верификација, дизајнирање и сразмерно зголемување на решенијата засновани врз природата

Прво издание

Упатство за користење на

Глобалниот стандард на IUCN за

решенија засновани врз природата

(2)

За IUCN

IUCN е унија од членки уникатно составена и од владини и од граѓански организации. На јавните, на приватните и на невладините организации им нуди знаење и алатки со цел да се овозможи да се случат истовремено напредокот на луѓето, економскиот напредок и заштитата на природата.

IUCN е основана во 1948 година и денес е една од најголемите и најразновидните еколошки мрежи во која се спојуваат знаењето, ресурсите и опфатот на повеќе од 1 400 членски организации и околу 15 000 експерти. Унијата претставува водечки давател на податоци во областа на заштитата, проценката и анализата. Благодарение на широкото членство, IUCN има улога на инкубатор и доверлива база на најдобри практики, алатки и меѓународни стандарди.

IUCN обезбедува неутрален простор во чиишто рамки различните заинтересирани страни, вклучувајќи ги и владите, НВО, научниците, бизнисите, локалните заедници, здруженијата на домородните

народи и останатите може да соработуваат со цел изнаоѓање и спроведување решенија во однос на предизвиците од животната средина и заради постигнување одржлив развој.

При соработката со многубројните партнери и поддржувачи, IUCN на светско ниво спроведува голем број разновидни проекти за заштита. Со комбинирање на најновите научни сознанија и традиционалното знаење на локалните заедници, целта на овие проекти е да се запре загубата на живеалиштата, да се обноват екосистемите, како и да се подобри човековата благосостојба.

www.iucn.org

https://twitter.com/IUCN/

(3)

Рамка, приспособена на корисниците, за верификација, дизајнирање и сразмерно зголемување на решенијата засновани врз природата

Прво издание

Упатство за користење на

Глобалниот стандард на IUCN за

решенија засновани врз природата

(4)

Означувањето на географските субјекти во оваа книга и презентацијата на материјалите не подразбираат изразување на какво било мислење од страна на IUCN или на останатите организации учеснички во однос на правниот статус на дадена земја, територија или област или нивните власти, ниту, пак, во однос на утврдувањето на нивните граници.

Ставовите изразени во оваа публикација не ги отсликуваат ставовите на IUCN или на останатите организации учеснички.

IUCN има задоволство да ја признае поддршката од своите рамковни партнери кои ги обезбедија основните финансиски средства: Министерството за надворешни работи на Финска; Владата на Франција и Француската агенција за развој (AFD); Министерството за животна средина, Република Кореја; Норвешката агенција за соработка и развој (Норад);

Шведската агенција за меѓународна соработка и развој (СИДА); Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) и Стејт департментот на САД.

IUCN не презема одговорност за грешки или пропусти во овој превод или отстапувања од верзијата на оригиналниот јазик на публикацијата. Во случај на разлики, погледнете во оригиналната публикација. Наслов на оригинална публикација: IUCN (2020). Guidance for using the IUCN Global Standard for Nature-based Solutions. A user-friendly framework for the verification, design and scaling up of NbS. First edition. Објавено од: IUCN, Глан, Швајцарија. DOI https://doi.org/10.2305/IUCN.CH.2020.09.en

Ова Упатство го придружува Глобалниот стандард за решенија засновани врз природата на IUCN (https://doi.org/10.2305/

IUCN.CH.2020.08.mk) и обезбедува научна основа и упатства за корисниците.

Изработката на оваа публикација делумно е реализирана и од средства од Групата на француската агенција за развој (AFD) (Agence Française de Développement (AFD) Group), преку партнерството меѓу Франција и IUCN за природа и развој.

Објавено од: IUCN, Глан, Швајцарија

Авторски права: © 2020 IUCN, Меѓународна унија за заштита на природата

© 2021 Регионална канцеларија на IUCN за источна Европа и централна Азија за преводот на македонски јазик

Дозволена е репродукција на публикацијата за образовни и други некомерцијални цели без претходна писмена согласност од носителот на авторските права, под услов целосно да се наведе изворот.

Забранета е репродукција на публикацијата за препродажба или други комерцијални цели без претходна писмена согласност од носителот на авторските права.

Цитирање: IUCN (2021). Упатство за користење на Глобалниот стандард на IUCN за решенија засновани врз природата. Рамка, приспособена на корисниците, за верификација, дизајнирање и сразмерно зголемување на решенијата засновани врз природата. Прво издание. Глан, Швајцарија: IUCN.

ISBN: 978-2-8317-2154-5 (PDF)

978-2-8317-2155-2 (print)

DOI: https://doi.org/10.2305/IUCN.CH.2020.09.mk Преведено од: Ида Блажевска

Илустрација на корицата: Дефинирање на решенија засновани врз природата © IUCN Дизајнирано од: Имре Себестјен (Imre Sebestyén jr)/ Unit Graphics

Испечатено од: GRAFIK CENTAR d.o.o.

Достапно од: IUCN, Меѓународна унија за заштита на природата Група за решенија засновани врз природата Улица „Моверни“ бр. 28 (Rue Mauverney 28) 1196 Глан, Швајцарија (1196 Gland, Switzerland)

[email protected]

www.iucn.org/resources/publications

Текстот на оваа книга е испечатен на хартија направена од влакна од дрво добиено од добро управувани шуми сертифицирани во согласност со правилата на Советот за одговорно управување со шумите (FSC).

(5)

Упатство за користење на Глобалниот стандард на IUCN за решенија засновани врз природата – Прво издание

iii

Историјат на документот . . . .vi

Извршно резиме . . . .vii

Благодарност . . . .ix

Главни соработници . . . .x

Список на скратеници . . . .xi

1. Вовед . . . .1

1.1 Развој од почетен концепт до глобален пристап . . . .1

1.2 РЗП како генеричка рамка за решавање на општествените предизвици . . . .4

1.3 РЗП во контекстот на кризата на биодиверзитетот . . . .5

1.4 РЗП во контекстот на климатската криза . . . .5

1.5 РЗП во контекстот на кризата со инклузивноста . . . .8

2. Воведување на Глобалниот стандард на IUCN за РЗП . . . .10

2.1 Потребата за глобален стандард . . . .10

2.2 Опсег на Стандардот . . . .11

2.3 Примена и целна публика . . . .11

3. Процес на заеднички развој на Глобалниот стандард . . . .13

3.1 Основи во дефинициската рамка на IUCN за РЗП . . . .13

3.2 Преглед на процесот на заеднички развој . . . .14

3.3 Меѓународен кодекс за стандарди за одржливост . . . .15

4. Упатства за Критериумите . . . .16

4.1 Резиме . . . .16

Критериум 1: Со РЗП ефективно се решаваат општествените предизвици . . . .17

К-1.1 Се врши приоритизирање на најнеодложните општествени предизвици за имателите на права и корисниците . . . .17

К-1.2 Разгледаните општествени предизвици се јасно разбрани и документирани . . . .18

К-1.3 Утврдени се исходите за човековата благосостојба што произлегуваат од РЗП и за истите се определени споредбени критериуми и периодично се оценуваат . . . .18

Критериум 2: Дизајнирањето на РЗП зависи од обемот . . . .19

К-2.1 Со дизајнот за РЗП се препознаваат и се обезбедува одговор на интеракциите меѓу економијата, општеството и екосистемите . . . .19

К-2.2 Дизајнот за РЗП е интегриран со другите комплементарни интервенции и бара синергии во рамките на секторите . . . .20

К-2.3 Во дизајнот за РЗП се вклучува утврдување на ризиците и управување со ризиците надвор од местата на интервенција . . . .21

Критериум 3: NРЗП резултира во нето-добивка за биодиверзитетот и интегритет на екосистемот . . . .22

(6)

Содржина

iv

Упатство за користење на Глобалниот стандард на IUCN за решенија засновани врз природата – Прво издание

К-3.1 Активностите на РЗП директно одговараат на оценката заснована врз докази на актуелната состојба на екосистемот и на превладувачките двигатели на деградацијата и загубата . . . .22 К-3.2 Јасните и мерливи конзервациски резултати за биодиверзитетот

се утврдени, определени се споредбените критериуми и истите периодично се оценуваат . . . .23 К-3.3 Следењето (мониторингот) вклучува периодични проценки

на непосакуваните негативни последици врз природата кои

произлегуваат од РЗП . . . .24 К-3.4 Можностите за јакнење на интегритетот на екосистемот и неговата

поврзаност се утврдени и вградени во стратегијата за РЗП . . . .24 Критериум 4: РЗП се економски одржливи . . . .26 К-4.1 Директните и индиректните придобивки и трошоци поврзани со РЗП,

кој плаќа и кој има придобивки, се утврдени и документирани . . . .27 К-4.2 Се обезбедува студија за економичност за да се поддржи избирањето

на РЗП, вклучително и веројатното влијание од кои било релевантни прописи и субвенции . . . .27 К-4.3 Ефективноста на дизајнот за РЗП се оправдува во однос на достапните

алтернативни решенија, притоа земајќи ги предвид кои било поврзани надворешни фактори . . . .27 К-4.4 Во дизајнот за РЗП се зема предвид портфолио на можности за

ресурси како што се обврските засновани на пазарот, јавниот сектор, доброволните обврски и активностите за поддршка на регулаторната усогласеност . . . .27 Критериум 5: РЗП се засноваат врз инклузивни, транспарентни и зајакнувачки

процеси на управување . . . .29 К-5.1 Дефинираниот и целосно утврдениот механизам за решавање жалби и добивање повратни информации е достапен за сите заинтересирани страни пред да започне интервенцијата со РЗП . . . .30 К-5.2 Учеството се заснова врз заемно почитување и рамноправност,

без оглед на полот, возраста или општествениот статус и го

почитува правото на домородните народи на слободна, претходна и информирана согласност (FPIC) . . . .30 К-5.3 Заинтересираните страни што се под директно и индиректно

влијание од РЗП се идентификувани и вклучени во сите процеси од интервенцијата на РЗП . . . .30 К-5.4 Со процесите за одлучување се документираат и се одговара на

правата и интересите на сите заинтересирани страни што учествуваат и што се засегнати . . . .31 К-5.5 Онаму каде што опсегот на РЗП излегува од правосудните граници,

воспоставени се механизми за да се овозможи заедничко одлучување на заинтересираните страни во засегнатите надлежности . . . .31 Критериум 6: РЗП рамноправно ги балансира компромисните решенија меѓу

постигнувањето на нивните основни цели и континуираното обезбедување повеќекратни придобивки. . . 32 К-6.1 Потенцијалните трошоци и придобивки од поврзаните компромисни

решенија за интервенцијата со РЗП се изречно потврдени и

обезбедуваат информации за заштитните мерки и кои било соодветни корективни активности . . . .32

(7)

Упатство за користење на Глобалниот стандард на IUCN за решенија засновани врз природата – Прво издание

v

К-6.2 Правата, користењето и пристапот до земјиштето и ресурсите, заедно со одговорностите на различните заинтересирани страни, се потврдени и се почитуваат . . . .33

К-6.3 Воспоставените заштитни мерки периодично се ревидираат за да се осигури дека заеднички договорените ограничувања за компромисните решенија се почитуваат и не ги дестабилизираат сите РЗП . . . .33

Критериум 7: Со РЗП се управува на приспособлив начин, врз основа на докази . . . .34

К-7.1 Стратегијата за РЗП е утврдена и се користи како основа за редовно следење и евалуација на интервенцијата. . . 34

К-7.2 Планот за следење и евалуација е изготвен и се спроведува во текот на животниот циклус на интервенцијата . . . .35

К-7.3 Рамката за итеративно учење која овозможува приспособливо управување се применува во текот на целиот животен циклус на интервенцијата . . . .35

Критериум 8: РЗП се одржливи и интегрирани во рамките на контекст на соодветна надлежност . . . .36

К-8.1 Дизајнот на РЗП, спроведувањето и научените лекции се споделуваат за да се поттикне трансформативна промена . . . .36

К-8.2 Со РЗП се обезбедуваат информации и се јакне олеснувањето на политичките и регулаторните рамки за поддршка на нивната употреба и интегрирање . . . .37

К-8.3 Онаму каде што е релевантно, РЗП придонесува кон националните и глобалните цели за човечката благосостојба, климатските промени, биодиверзитетот и човековите права, вклучувајќи ја и Декларацијата на Обединетите нации за правата на домородните народи (УНДРИП) . . . .37

5. Како се користи Стандардот . . . .38

5.1 Како се врши самооценување . . . .39

Поимник на дефиниции . . . .41

Користена литература . . . .60

(8)

vi

Глобален стандард на IUCN за решенија засновани врз природата: Упатство, Верзија 1.0

Историјат на документот

Упатство за користење на глобалниот стандард на IUCN за решенија засновани врз природата

Издание 1.0

Изворен јазик Англиски јазик. Достапни се официјални преводи.

Одговорна единица Глобална програма за управување со екосистеми; Комисија на IUCN за управување со екосистеми

Изработено од Група на IUCN за решенија засновани врз природата; Комисија на IUCN за управување со екосистеми

Предмет (таксономија) Решенија засновани врз природата; стандард; делотворност на управувањето; осигурување

Датум на одобрување Февруари 2020 година

Одобрено од Советот на IUCN

Цел Давање упатства и глобална рамка за дизајнирање, верификација и сразмерно зголемување на решенијата засновани врз природата. Стандардот вклучува глобално усогласени критериуми и показатели, кои се поддржани од Начелата за решенија засновани врз природата, со цел мерење на интензитетот на интервенциите.

Дел е од Групата за решенија засновани врз природата на IUCN

Во согласност е со Системот на IUCN за управување со животната средина и социјалните аспекти (ESMS)

Кодексот за поставување стандарди за добра практика на ISEAL.

Поврзани документи Основен документ за глобални стандарди за Глобалниот стандард за решенија засновани врз природата на IUCN

Дистрибуција IUCN COMPASS; Портал на Унијата на IUCN и веб-страница на IUCN

Историјат на документот Моментално прво издание

Верзија Објавено на Резиме на измени и дополнувања

0.1 Октомври 2018 год. Споделен внатрешно со членовите, со комисиите и со секретаријатот на IUCN.

0.2 Декември 2018 год. Направени се измени во согласност со добиените повратни информации, а новата верзија беше презентирана на првата јавна консултација, која траеше еден месец.

0.3 Јануари 2019 год. Поголеми измени и дополнувања беа направени во согласност со

надворешните повратни информации и новата верзија беше презентирана на втората јавна консултација, којашто траеше два месеци.

0.4 Февруари 2020 год. Измените беа направени во согласност со повратните информации од втората јавна консултација усвоена од страна на Советот на IUCN кој го одобри објавувањето на 98-та седница во светското седиште на IUCN во Глан, Швајцарија.

0.5 Март 2020 год. Направени се измени врз основа на ревизиите од надворешните експерти.

(9)

Глобален стандард на IUCN за решенија засновани врз природата: Упатство, Верзија 1.0

vii

Извршно резиме

Иако планетарните кризи со кои се соочуваме денес изгледаат навистина сериозно, општествата покажаа дека можат да соработуваат меѓусебно со цел за решавање на крупните глобални закани. Во 1970-те, светот презеде успешни акции за спречување на намалувањето на озонската обвивка и подобрување на нејзината состојба.

Доколку ваквите активности доживееја неуспех, тоа би значело дека „озонската дупка“ сега би се протегала до тропските предели, што би влијаело врз здравјето на луѓето, екосистемските услуги и биодиверзитетот. За да се смени предвидената траекторија на дадената криза, потребни се веднаш достапни, сигурни и делотворни решенија. Во тој поглед, концептот на решенија засновани врз природата (РЗП) му нуди на светот вистинска можност за издржано решавање на повеќекратните кризи на одржливоста, вклучувајќи ги и климатските промени, достапноста на храната и водата, деградацијата на земјиштето и загубата на биодиверзитетот.

Веќе покажавме дека со заедничка работа и со примена на најдобрите практики имаме капацитет да изнајдеме трајни решенија коишто може да ни помогнат при транзицијата кон поправичен, поеднаков и поодржлив начин на населување на планетата. Глобалниот стандард на IUCN за решенија засновани врз природата е резултат од работата на повеќе од 800 експерти, во комбинација со знаењата и познавањата за тоа како природата може да се искористи како делотворен сојузник во борбата против климатските промени и останатите големи предизвици со кои се соочуваме во 21-от век.

Заштитата, одржливото управување и обновување на природата може да имаат значителни придобивки за општеството. Сепак, сето тоа е можно само доколку сите имаме заедничка визија за тоа што претставуваат таквите решенија, конзистентен пристап за нивното осмислување и спроведување и, најважно, рамка за учење која ќе ни помогне да проценуваме, да се приспособуваме и да се подобруваме, за идните интервенции да бидат што поефикасни.

Целта на Стандардот е да ги олесни процесите, со цел не само да го води корисникот при

дизајнирањето и спроведувањето на решенијата, туку исто така и континуирано да ја подобрува отпорноста на идните интервенции и да помогне во подготвувањето за неочекуваното. Стандардот се заснова врз премисата дека секое решение по својата природа треба да одговара на дадениот контекст и дека исходите ќе варираат зависно од околностите. Стандардот нуди конзистентен пристап којшто може да се справи со голем број поединечни околности и контексти и да се приспособи на нив, со цел добивање резултати што се еколошки издржани, социјално правични и економски изводливи, без притоа да се изостави ниту една засегната страна.

Со помош на 8 критериуми и 28 показатели, на корисниците им се нуди поддршка при 1) проценката на обемот до којшто дадено решение се квалификува како РЗП и при идентификувањето кои дејства може да се преземат со цел дополнително зајакнување на обемот на интервенцијата, со помош на скала со различни степени: „многу“, „соодветно“,

„делумно“ и „недоволно“; 2) дизајнирање целисходно решение кое ќе биде во согласност со критериумите и показателите, притоа вградувајќи механизми за приспособливо управување со

(10)

Извршно резиме

viii

Упатство за користење на Глобалниот стандард на IUCN за решенија засновани врз природата – Прво издание

цел да се одржи релевантноста и робусноста на решенијата во текот на нивниот животен век.

Стандардот е наменет за голем опсег на корисници, а особено за оние кои доаѓаат надвор од традиционалниот сектор за заштита.

Заедно со него се дадени материјали што се пристапни и лесни за користење и самопроверка, додека ревизиите и измените на стандардот се прават под надзор на Меѓународната комисија за стандарди. Во согласност со тоа, IUCN го поддржува воспоставувањето глобална заедница на корисници кои колективно може да учат и да помагаат во еволуцијата на Стандардот.

• Со Критериумот 1 се разгледува важноста на јасното идентификување на општествените предизвици за коишто ќе биде потребно решение. Понекогаш може да се опфатат повеќе од еден клучен приоритет. Намерата на овој критериум е да се овозможи целисходен дизајн со цел исполнување на потребите за човековата благосостојба.

• Критериумот 2 служи како водич за дизајнирање на РЗП во однос на клучните просторни фактори, што често се нарекува пристап на предел.

• Критериумите 3, 4 и 5 се однесуваат на трите клучни димензии на одржливиот развој – еколошката одржливост, социјалната еднаквост и економската изводливост.

• Со Критериумот 6 се опфаќаат практичните аспекти на примената и балансирање на компромисните решенија (trade-offs), коишто се неразделен дел од најголем дел од

решенијата за управување со природните ресурси, вклучувајќи го и усогласувањето на краткорочните и долгорочните потреби.

Со него се истакнува дека одлуките за компромисни решенија треба да се носат целосно транспарентно, врз основа на целосно обелоденување на информациите и со постигнување консензус меѓу сите заинтересирани страни.

• Со Критериумот 7 се промовира пристап на приспособливо управување, каде што учењето и дејствувањето меѓусебно се надополнуваат со цел корисниците на стандардот да можат да го развијат и да го подобрат даденото решение.

• Со Критериумот 8 се промовира интегрирање во рамки на националните политики, што е од суштинска важност за долгорочната одржливост и трајноста на РЗП. Сето тоа може да се постигне преку усогласување со политиките, со националните и глобалните заложби, како и преку споделување лекции со цел изнаоѓање други решенија.

Стандардот е развиен во време кога светот се бори против ширењето на КОВИД-19. Вниманието е моментално насочено кон заздравувањето на економијата по завршувањето на пандемијата.

Поради тоа што светските лидери размислуваат како повторно да се изгради сè, решенијата засновани врз природата нудат единствена можност за инвестирање во општествената благосостојба и за раздвижување на економиите без повторување на грешките од минатото.

(11)

Упатство за користење на Глобалниот стандард на IUCN за решенија засновани врз природата – Прво издание

ix

Благодарност

Изработката на овој Стандард е плод на заедничките напори на голем број ангажирани поединци, групи и мрежи. Би сакале да им се заблагодариме на сите оние кои придонесоа кон изготвувањето на овој извештај. Техничкиот придонес е дело на голем број експерти од Секретаријатот на IUCN и од Комисијата за управување со екосистеми (КУЕ). Особено им се заблагодаруваме за придонесот на следните лица – Али Раза Разви, Мадхав Карки, Барбара Накангу, Фабрис Рено, Луцила Боито, Стивен Н. Едвардс, Бернал Херера, Вилем Ферверда, Џонатан Дејвис, Џон Вог, Мајк Џонс, Биргај Ламизана, Џени Спрингер, Келвин Пасфилд, Чарлс Лор, Венди Атиено, Ребека Велинг, Анита Цец, Едмунд Бероу, Мирјам Кузи, Ли Ен Хрт и Џонатан Хјуз. Им се заблагодаруваме и на сите оние кои дадоа коментари на претходните верзии на документот, вклучувајќи ги и стотиците учесници од 100 земји кои учествуваа во двете јавни консултации, со што се збогати квалитетот и опсегот на Стандардот. Особено им се заблагодаруваме на групата соработници од Францускиот национален комитет на IUCN, „Конзервејшн Интернешенел“, Светската комисија за заштитени подрачја на IUCN, Министерството за земјоделство на Франција, Центарот за закони во областа на екологијата на IUCN, Националната коалиција за капитал и Европската комисија.

Овој Стандард беше изготвен со помош на техничките познавања и советите за составување стандарди од „Ашуранс Сервисес Интернешенел“ (АСИ). Исто така, се заблагодаруваме и на Марни Бамерт од АСИ за стручната рецензија на публикацијата.

Исто така, се заблагодаруваме и на нашиот надворешен стручен рецензент Шантал ван Хам за мислењата со кои во голема мера се подобри квалитетот и опсегот на оваа публикација.

Им се заблагодаруваме на Каролин Сноу за уредувањето, на Имре Себестјен („Јунит Графикс“) за дизајнот и на Ефрат Бронштајн за графичкото уредување. Им се заблагодаруваме и на Глобалната единица за комуникации на IUCN и на Комуникациските групи за РЗП за нивната поддршка при комуникацијата и утврдувањето на графичките решенија.

Составувањето на извештајот беше овозможено благодарение на придонесот на Француската агенција за развој (AFD), преку Партнерството на Франција и IUCN за природа и развој.

За потенцијалните грешки се одговорни главните автори.

.

(12)

Главни соработници

x

Глобален стандард на IUCN за решенија засновани врз природата: Упатство, Верзија 1.0

Главни соработници

Стандардот е изготвен како консултативен напор, при којшто е искористена научната, уредувачката и техничката експертиза на голем број луѓе од IUCN и од Комисијата за управување со екосистеми. Авторите се наведени подолу по азбучен ред..

Andrade, Angela; Cohen-Shacham, Emmanuelle; Dalton, James; Edwards, Stephen; Hessenberger, Daisy; Maginnis, Stewart; Maynard, Simone; McElwee, Pam; Murti, Radhika; Nelson, Cara; Ruiz, Verónica;

Siikamäki, Juha; Vasseur, Liette.

(13)

Глобален стандард на IUCN за решенија засновани врз природата: Упатство, Верзија 1.0

xi

Список на скратеници

AFD Француска агенција за развој АСИ Ашуранс Сервисес Интернешенел КБР Конвенција за биолошка разновидност КУЕ Комисија за управување со екосистеми

ЗСОЗП Заедница на стандарди за одржливост на заштитени подрачја КОО Корпоративна општествена одговорност

АЗЕ Адаптација заснована врз екосистеми

НРКЗЕ Намалување на ризици од катастрофи засновано врз екосистеми СУЖССА Систем за управување со животната средина и социјалните аспекти ОШП Обновување на шумските предели

ЧПП Често поставувани прашања

СПИС Слободна претходна и информирана согласност МВО Меѓувладина организација

ИВЕУКМ Интегрирано вреднување на екосистемските услуги и компромисните решенија МПНПБЕУ Меѓувладина платформа за наука и политики за биодиверзитетот и екосистемски услуги МПКП Меѓувладин панел за климатски промени

ISBN Регистрациски број на меѓународен стандард

ISEAL Меѓународен сојуз за општествена и еколошка акредитација и означување IUCN Меѓународна унија за заштита на природата и природните ресурси

LDN Неутралност на деградација на почвата МиЕ Мониторинг (следење) и евалуација РЗП Решенија засновани врз природата

НСАПБР Национални стратегии и акциски планови за биолошка разновидност НУП Национално утврдени придонеси

РРПР Рамка за раководење со природните ресурси ОЕЦД Организација за економска соработка и развој ЦЛЗВ Црвена листа на загрозени видовиTM

ЦОР Цели за одржлив развој

СРНРК Рамка за намалување на ризиците од катастрофи од Сендаи

ОН Обединети нации

UNCCD Конвенција на Обединетите нации за борба против опустинувањето UNDRIP Декларација на Обединетите нации за правата на домородните народи UNFCCC Рамковна конвенција на Обединетите нации за климатски промени

УСД Американски долари

СЗО Светска здравствена организација

(14)
(15)

Упатство за користење на Глобалниот стандард на IUCN за решенија засновани врз природата – Прво издание

1

1. Вовед

„Решенијата засновани врз природата се дејства преземени со цел за заштита, одржливо управување и обновување на природните и изменетите екосистеми на начини на коишто делотвортно и приспособливо ќе се одговори на општествените предизвици, заради обезбедување благосостојба на луѓето и придобивки за биолошката разновидност.“

(IUCN, 2016)

Во 2020 година, сè повеќе се прифаќа фактот дека природата игра одредена улога во нашето општество. Меѓутоа, во текот на 20-от век, задолжените за донесување одлуки прашањето за заштитата на природата го третираа како периферно во однос на националните и на глобалните агенди. Во најдобар случај, се сметаше дека е прашање од одреден интерес, а во најлош, дека претставува пречка за развојот. Сепак, со растечкиот научен консензус се укажа дека таквите ставови се погрешно поставени и дека „природата е клучна за човековото постоење и добриот квалитет на живеењето“. Ако не се препознае овој факт, не само што како резултат ќе се добие модел на економски раст со којшто се нарушуваат идните економии и којшто значително придонесува кон загуба на биодиверзитетот туку и ќе се испушти можноста за ефикасна употреба на природата во обезбедувањето помош за решавање на клучните

општествени предизвици, како што се климатските промени, човековото здравје, достапноста на храната, намалувањето на ризиците од катастрофи итн. На тој начин се дава можност за насочување на конзервациските пристапи кон други сектори, како што се земјоделството, инфраструктурата, водата, здравјето, урбанистичкото планирање и руралниот развој.

Најголем дел од екосистемите може да дадат многукратни придобивки за различните корисници, истовремено поддржувајќи ја заштитата на базата на природни ресурси. Овој факт значи дека, честопати, управувањето со екосистемите е најдобрата алатка со која може да се решат општествените предизвици, а која притоа ја обезбедува и улогата на биодиверзитетот во секојдневното функционирање на останатите сектори.

1.1 Развој од почетен концепт до глобален пристап

Од 90-тите години на минатиот век наваму се развиени неколку пристапи за заштита што се засноваат врз наменско управување со екосистемите, како што се пристапот на обновување на шумските предели, одржливото

управување со земјиштето, интегрираното управување со водните ресурси, интегрираното управување со пределите, интегрираното управување со крајбрежните зони, еколошкото обновување и Иницијативата на IUCN за

(16)

Вовед

2

Упатство за користење на Глобалниот стандард на IUCN за решенија засновани врз природата – Прво издание одржливо искористување. Таквите оперативни

пристапи даваат одредени конзервациски резултати што укажуваат дека постојат реални придобивки за општеството, како што се работни места, поголема продуктивност на земјиштето, контрола на ерозијата и врзување на јаглеродот.

Зад секој од овие изрази стојат темелни истражувања и практична издржаност.

Без разлика дали се користат поединечно или во комбинација со други форми на решенија (како, на пр., технологија и инженерство), конзервациските пристапи (на пример, заштитата, обновувањето и одржливото управување) може исто така да се применат и со човековата благосостојба како примарна цел.

Оваа еволуција во размислувањето за заштитата доведе до признавање на два широки домени на конзервациски интервенции, оние чијашто примарна цел е заштита на биодиверзитетот поради неговите вродени вредности и оние чијашто примарна цел е заштитата на општеството – она што сега се нарекува

„решенија засновани врз природата“ (РЗП). И

двата домени се држат до истите конзервациски норми и начела, и иако има случаи каде што оперативно се преклопуваат, почетната точка на овие домени е честопати прилично различна.

Исто така, оваа промена на парадигмата доведе до признавање дека различните земји имаат минато на управување со природата на начини од коишто произлегуваат придобивки за општеството, дури и ако во тоа време не се користел изразот РЗП за да се опишат ваквите интервенции. Иако сите овие конзервациски решенија биле корисни, одделно тие не се доволни за решавање на моменталните предизвици. Практичните и истражувачките заедници долго биле изолирани, често натпреварувајќи се за истите ресурси, и покрај сличните начела, цели и примени на конзервациските пристапи.

При привлекувањето поголемо внимание кон потенцијалот за конзервациски активности за одржливо искористување на природата за потребите на луѓето, концептот за РЗП беше развиен како дел од една тековна парадигматска

Слика 1: Конзервациските напори се држат до нормите и науката за заштита на природата.

Постои домен во рамките на заштитата што се фокусира врз заштитата на биодиверзитетот поради неговата незаменлива вредност. Еден друг домен се фокусира врз заштитата на

општеството, притоа следејќи ги таквите норми и начела за заштита на природата. Овој, вториот, е познат како решенија засновани врз природата. Иако постои одредено преклопување, не сите конзервациски интервенции се решенија засновани врз природата. (© IUCN)

(17)

Упатство за користење на Глобалниот стандард на IUCN за решенија засновани врз природата – Прво издание

3 промена која започна во 80-тите години, во

рамките на која луѓето треба проактивно да ги штитат, да управуваат и да ги обновуваат екосистемите при решавањето на најголемите општествени предизвици, а не да делуваат како пасивни искористувачи на природата (Cohen- Shacham et al., 2019). Во рамките на концептот за РЗП се признава фактот дека заштитата на биодиверзитетот и екосистемските услуги се суштински за различните аспекти на човековата благосостојба, вклучувајќи го и човековото здравје. При справувањето со сложени системи, РЗП ги надминуваат традиционалните механистички пристапи кон решавање на проблемите (Rogers et al., 2013). Своите корени концептот на РЗП ги влече во екосистемскиот пристап (CBD, 2004; Holling, 1973; Holling, 1978;

Holling, 1986; Waltner-Toews & Kay, 2005), што

служи како основа за Конвенцијата за биолошка разновидност (КБР) (Smith & Maltby, 2003).

Сега, во 2020 година, конзервациската заедница и поврзаните сектори се во центарот на едно глобално движење кое признава, промовира и налага користење на РЗП. Во текот на последните десет години, откако изразот беше утврден од страна на IUCN, пристапот доби многу поголема тежина, по што РЗП беа вклучени во политики, повици за добивање предлози, економски планови, истражувачки прашања и национални стратегии за биодиверзитет и климатски промени.

Со ваквата сè поголема важност и инвестирање, се појави потреба од дефинирање на изразот и овозможување отпорни и економски ефикасни интервенции.

Слика 2: Дефинирање решенија засновани врз природата (© IUCN)

(18)

Вовед

4

Упатство за користење на Глобалниот стандард на IUCN за решенија засновани врз природата – Прво издание

1.2 Решенијата засновани врз природата како генеричка рамка за решавање на општествените предизвици

Решенијата засновани врз природата се сметаат за генеричка рамка за пристапите засновани врз екосистеми (на пример, претходно спомнатите концепти) што се користат за решавање на крупните општествени предизвици (Cohen-Shacham et al., 2016, видете ја Слика 2). Изразот „решенија засновани врз природата“ првично беше промовиран од страна на IUCN во 2009 година, а потоа искористен како генерички израз со цел да се истакне заедничкиот карактер на различните конзервациски пристапи, вклучувајќи ги и претходно спомнатите. Останатите концепти коишто спаѓаат во категоријата РЗП вклучуваат:

природни решенија (улогата на заштитените подрачја во борбата против климатските промени); адаптација заснована врз екосистеми (АЗЕ); намалување на ризиците од катастрофи засновано врз екосистеми (НРКЗЕ);

зелена инфраструктура (за економски раст и инвестиции, во урбан контекст); природна инфраструктура (за одржливо интегрирано управување со водни ресурси); и холистичко или регенеративно управување со предели.

Ваквите пристапи и натаму ќе бидат од голема важност за спроведувањето на РЗП. Тие служат како специфични оперативни пристапи коишто може да се применат при изнаоѓањето решенија за општествените предизвици. Можно е да се појави потреба од различни пристапи

во рамките на дадена интервенција, а исто така можно е да се потребни дополнителни мерки со цел подобрување на ефикасноста и намалување на вишокот.

За дадена интервенција да се смета за РЗП, со неа на интегриран начин мора да се решава еден или повеќе општествени предизвици..

IUCN моментално упатува на седум општествени предизвици – ублажување и приспособување кон климатските промени, намалување на ризиците од катастрофи, реверзија на деградацијата на екосистемите и загубата на биодиверзитетот, човековото здравје, социоекономскиот развој, достапноста на храна и достапноста на вода (видете ја Слика 3). Доколку се решава одреден општествен предизвик во однос на деградацијата на екосистемите, најмалку еден друг општествен предизвик мора да биде дел од дизајнот на решението, со цел да се направи јасна разлика меѓу интервенцијата за РЗП и чисто конзервациската активност.

Иако сè уште се во фаза на еволуција, решенијата на овие општествени предизвици моментално се применуваат. Тие се поддржани од научно знаење и добри практики коишто може да ја покажат вредноста на РЗП како одговор на проблемите. Поради тоа што концептот на РЗП веќе е подготвен за примена, во списокот може да се додадат и други општествени предизвици.

Слика 3: Најголеми општествени предизвици што се решаваат со РЗП (© IUCN)

(19)

Упатство за користење на Глобалниот стандард на IUCN за решенија засновани врз природата – Прво издание

5

1.3 РЗП во контекстот на кризата на биодиверзитетот

Меѓувладината платформа за наука и политики за биодиверзитет и екосистемски услуги (МПНПБЕУ) донесена во 2019 година, „Глобален извештај за оценување на биодиверзитетот и екосистемските услуги“ (ГИОБЕУ, 2019а), прикажува една мрачна слика за биодиверзитетот, каде што милиони видови растенија и животни се категоризирани под закана од истребување или се целосно истребени на глобално ниво, како и опаѓачки број на екосистемски услуги поради претераната експлоатација и злоупотреба. Брзата и драстична загуба на биодиверзитетот го еродира капацитетот на екосистемите за нудење услуги што се суштински за човековата благосостојба.

Моменталната брзина со која исчезнуваат безрбетниците и почвените микроорганизми, преку интензивните практики на експлоатација на почвата, ги разнишуваат темелите на човековиот опстанок. Придонесот којшто природата го има за луѓето игра витална улога во поддржувањето на постоењето на човештвото и квалитетот на животот на луѓето, но често е нерамномерно распределен во просторот и времето (ГИОБЕУ, 2019 а). ГИОБЕУ укажува на тоа дека негативните ефекти се диспропорционални и особено влијаат врз маргинализираните и домородните народи и руралните заедници, чијшто опстанок директно

зависи од придобивките од природата. Во ГИОБЕУ исто така се истакнува дека климатските промени се директен двигател којшто го влошува влијанието на останатите двигатели врз природата и човековата благосостојба (ГИОБЕУ, 2019 б) и ќе стане главен двигател за загуба на биодиверзитетот во наредните години, влијаејќи врз видовите, живеалиштата и екосистемите.

За дадено решение да се смета за РЗП, императивно е да овозможува истовремени придобивки и за биодиверзитетот и за човековата благосостојба. Според тоа, секое решение мора да придонесе за одржување или за подобрување на биолошката разновидност, без што дадена активност не може да се класификува како РЗП.

Ова е важно со цел да не дојде до нарушување на интегритетот и стабилноста на природниот систем со практики коишто за резултат имаат краткорочни придобивки, а притоа ја нарушуваат способноста на системот да ги опслужува идните генерации.

Така, наместо зачувувањето на биодиверзитетот да биде резултат од дадено РЗП, од суштинска важност е фактот дека, доколку се одржува или се подобрува, ќе го валидира даденото решение како РЗП (IUCN, 2016 год.).

1.4 РЗП во контекстот на климатската криза

Од друга страна, во извештајот „Глобално затоплување од 1,5 °С“ на Меѓувладиниот панел за климатски промени (IPCC) се даваат доволно докази дека човекот со неговите активности предизвикал глобално затоплување од приближно 1,0 °С над прединдустриските нивоа (IPCC, 2018 год.). Според предвидувањата, во периодот меѓу 2030 и 2052 година, глобалното затоплување ќе достигне 1,5 °С, што ќе нè стави во многу опасна ситуација, доколку не се постигне целта утврдена со Парискиот договор

– растот на глобалната просечна температура да се одржува „под 2 °С над прединдустриските нивоа“

(видете го Полето 1 каде што се дадени примери од најважните наоди). Поради тоа што човештвото се соочува со катастрофална климатска критична точка, неминовна е потребата за изнаоѓање иновативни пристапи за надополнување на заштитата на природата, како и за непосредни трансформациски промени со цел намалување на емисиите на јаглероден диоксид за глобалното затоплување да

參考文獻

相關文件