• 沒有找到結果。

1. Вовед

1.4 РЗП во контекстот на климатската криза

Од друга страна, во извештајот „Глобално затоплување од 1,5 °С“ на Меѓувладиниот панел за климатски промени (IPCC) се даваат доволно докази дека човекот со неговите активности предизвикал глобално затоплување од приближно 1,0 °С над прединдустриските нивоа (IPCC, 2018 год.). Според предвидувањата, во периодот меѓу 2030 и 2052 година, глобалното затоплување ќе достигне 1,5 °С, што ќе нè стави во многу опасна ситуација, доколку не се постигне целта утврдена со Парискиот договор

– растот на глобалната просечна температура да се одржува „под 2 °С над прединдустриските нивоа“

(видете го Полето 1 каде што се дадени примери од најважните наоди). Поради тоа што човештвото се соочува со катастрофална климатска критична точка, неминовна е потребата за изнаоѓање иновативни пристапи за надополнување на заштитата на природата, како и за непосредни трансформациски промени со цел намалување на емисиите на јаглероден диоксид за глобалното затоплување да

Вовед

6

Упатство за користење на Глобалниот стандард на IUCN за решенија засновани врз природата – Прво издание се ограничи на тој 1,5 °С (IPCC, 2018; Rockström et al.,

2009; Steffen et al., 2015).

Концептот за РЗП овозможува интегриран пристап којшто на народите може да им помогне да ги исполнат круцијалните меѓународни договори и цели, како што се Целите за одржлив развој на Обединетите нации (ЦОР), Парискиот договор, Целите од Аичи, Бонскиот предизвик и Рамката за намалување на ризикот од катастрофи од Сендаи.

Концептот за РЗП беше одобрен на Климатскиот самит на Обединетите нации во 2019 година и во Посебниот извештај на МПКП (IPCC) Глобално затоплување од 1,5 °С (De Coninck et al., 2018, во Извештајот на МПКП за климатските промени и земјиштето на МПКП (IPCC, 2019 год.) и во Глобалниот извештај за оценување на биодиверзитетот и екосистемските услуги (ГИОБЕУ, 2019 а) е истакнато дека има потенцијал за решавање на најголемите глобални и еколошки предизвици.

Со продлабочувањето на итноста во однос на климатските промени, и луѓето и природата ќе бидат сè повеќе ранливи поради изложеноста на времето и климатските екстреми, и иако влијанието ќе биде специфично за различните региони, генерално, луѓето и природата ќе се соочат со сè почести и поинтензивни негативни влијанија. Според Извештајот за климатските промени и земјиштето на МПКП, поголемата зачестеност на екстремни временски настани и промената на режимот на атмосферски врнежи веќе имаат влијание врз достапноста на храната на земјиштето (IPCC, 2019 год.), додека, пак, во Посебниот извештај на МПКП за океаните и криосферата во услови на променлива клима е укажано дека намалувањето на криосферата од средината на 20-от век исто така во голема мера има негативно влијание врз достапноста на храната и водата (IPCC, 2019 год.). Врската помеѓу луѓето и природата е јасна во поглед на климатските промени. На пример, климатските промени ја Слика 4: Додека решенијата засновани врз природата ја користат моќта на функционалните екосистеми како инфраструктура за обезбедување природни услуги од коишто корист имаат и општеството и животната средина, различни се решенијата што произлегуваат од природата и оние што се инспирирани од

природата, коишто исто така се потребни за постигнување одржлива иднина со ниски нивоа на јаглероден диоксид. Решенијата што произлегуваат од природата вклучуваат енергија од ветер, бранови и сончева енергија, коишто помагаат во исполнувањето на потребите за нискојаглеродни извори на енергија преку производствени методи што произлегуваат од природни извори. Иако овие извори на енергија доаѓаат од светот на природата, тие директно не се засноваат врз функционални екосистеми. Решенијата засновани врз природата вклучуваат иновативен дизајн и производство на материјали, структури и системи коишто се моделирани врз основа на биолошки процеси и се инспирирани од природата. На пример, биомимикријата е практика која ги имитира и учи од стратегиите во природата со цел решавање проблеми. Овие дизајни се инспирирани од природата – како што се специјално направените лепливи ракавици што ја имитираат адаптацијата на геконите за качување по ѕидови. Тие не се засноваат врз функционални екосистеми.

© John Greene – Conservation International

Упатство за користење на Глобалниот стандард на IUCN за решенија засновани врз природата – Прво издание

7 влошуваат деградацијата на земјиштето, што исто

така негативно влијае врз луѓето што живеат во деградираните подрачја (IPCC, 2019 год.). Слично на тоа, климатските промени претставуваат висок ризик за крајбрежните екосистеми, како што се подводните ливади со морска трева и подводните шуми од морски алги келпи, каде што загубата на

живеалиштата ќе доведе до губење на видовите и нивната разновидност и до деградација на

екосистемските функции (IPCC, 2019 год.) од коишто зависат луѓето.

Меѓусебната поврзаност помеѓу луѓето и природата нуди можност, во форма на РЗП, за решавање на основните општествени предизвици (како што е достапноста на храна), притоа придонесувајќи за

адаптација на климата и ублажување на нејзиното влијание. Во Извештајот на МПКП (IPCC) од 2019

Поле 1: Примери од главните наоди од најголемите глобални извештаи (МПНПБЕУ (IPBES), 2019б; МПКП (IPC), 2018; ПвЦ и Светскиот фонд за

природа (СФП) (PwC & WWF), 2020):

• Забележано е намалување на природните екосистеми во просек за 47 % во споредба со првично евидентираните нивоа.

• Приближно 25 % од видовите веќе се под закана од истребување во поголем дел од истражуваните животински и растителни групи, што укажува на тоа дека околу 1 милион видови веќе се соочуваат со истребување, од кои за голем дел може да се случи за неколку децении, освен доколку не се преземат дејства за намалување на интензитетот на двигателите на загубата на биодиверзитетот.

• Биотичката интеграција – бројност на природно присутни видови – се намалила во просек за 23 % во земјените заедници.

• Глобалната биомаса на диви цицачи се намалила за 82 %. Показателите на бројноста на

’рбетниците се намалиле рапидно од 1970-те години наваму.

• 72 % од показателите развиени од страна на домородните народи и локалните заедници покажуваат тековно влошување на природните елементи важни за нив.

• Најголем дел од општествените и еколошките цели не може да се исполнат со тековните траектории и целите поставени за 2030 година и потоа може да се постигнат исклучиво преку трансформативни промени во рамките на економските, социјалните, политичките и технолошките фактори.

• Најделотворните директни двигатели на промените се промените на начинот на користење на почвата и морињата, директната експлоатација на организмите, климатските промени, загадувањето и инвазијата на надворешни видови.

• Се проценува дека човековите активности предизвикале глобално затоплување од приближно 1.0 °С над прединдустриските нивоа, со веројатен опсег на зголемување помеѓу 0,8 и 1,2 °С.

• Според предвидувањата, глобалното затоплување ќе достигне зголемување од 1,5 °С во периодот помеѓу 2030 и 2052 година, доколку продолжи со раст со моменталната стапка.

• Климатските промени предизвикуваат дополнителен стрес врз земјиштето, со што се влошуваат постојните ризици во однос на егзистенцијата, биодиверзитетот, здравјето на луѓето и на екосистемите, инфраструктурата и прехранбените системи.

• Трошоците за неактивноста во однос на загубата на биодиверзитетот се проценуваат на 4 – 20 трилиони американски долари годишно во екосистемските услуги во периодот од 1997 до 2011 година, што се должи на промените на покриеноста на земјиштето и околу 6 – 11 трилиони американски долари годишно поради деградација на земјиштето.

Вовед

8

Упатство за користење на Глобалниот стандард на IUCN за решенија засновани врз природата – Прво издание година, Извештај за климатските промени и

земјиштето, се истакнува одржливото управување со земјиштето, вклучувајќи го и зачувувањето на екосистемите бидејќи тоа „може да придонесе за намалување на негативното влијание на повеќекратните предизвикувачи на стрес, вклучувајќи ги и климатските промени, врз екосистемите и општествата“ (IPCC, 2019 год.). Примерите за адаптација заснована врз екосистеми што може да ги отстрани емисиите на стакленички гасови и да придонесе за ублажување и адаптација вклучуваат обнова на природните екосистеми и подобрување на зачувувањето на биодиверзитетот (IPCC, 2019 год.). Со цел ограничување на затоплувањето на 1,5

°С или далеку под 2 °С, на општеството му е потребна комбинација од решенија инспирирани од природата, решенија што произлегуваат од природата и решенија што се засноваат врз природата, заедно со значајно намалување на емисиите на гасовите од фосилни горива (Слика 4).

Здравјето на екосистемите од коишто зависиме ние и сите други видови се влошува многу побрзо од кога и да било досега, со што под закана се става здравјето на планетата и луѓето. Вршиме ерозија на самите темели на нашата економија, егзистенција, достапноста на храната, здравјето и квалитетот на животот насекаде низ светот. Во извештајот исто така се

признава дека по 2020 година, климатските промени ќе станат еден од главните двигатели на загубата на биодиверзитетот. Сето ова налага потреба од истовремено анализирање и решавање на кризата со климатските промени преку РЗП, што исто така игра важна улога во постигнувањето трансформациска промена потребна за постигнување на глобалните цели за одржливост.

РЗП може да бидат дел од хиерархискиот пристап за ублажување, што претставува рамка за носење одлуки во серија од чекори, почнувајќи од избегнување влијанија, проследено со минимизирање на неизбежните влијанија, обновување на самото место и конечно, онаму каде што е тоа можно и потребно, преземање компромисни мерки за биодиверзитетот.

Соодветната примена на хиерархијата на ублажувањето може потенцијално да ги ограничи негативните влијанија на развојните проблеми врз биодиверзитетот и може да донесе и дополнителни придобивки за заштитата на биолошката разновидност. Меѓутоа, несоодветната примена, особено ако се применува заедно со нерешени, но фундаментални празнини во знаењето, како и лошата корпоративна, финансиска и регулаторна политика, може да ги ослаби воспоставените пристапи кон управување со ризиците во однос на биодиверзитетот.

1.5 РЗП во контекст на кризата со инклузивноста

Интервенциите може да бидат успешни само доколку се вклучат различни системи на знаење и со учество на засегнатите групи, вклучувајќи ги домородните народи, локалните заедници, жените и младите. За жал, ова не било секогаш случај во историјата на конзервациските активности, што довело до криза на инклузивноста, заедно со кризата со биодиверзитетот и климата. РЗП, поради нивниот интерсекторски пристап и интегрираниот начин на примена, имаат голема корист од спојувањето на сите различни актери кои се директно или индиректно засегнати од интервенцијата и вклучуваат различни видови системи на знаење и светоглед, како

оние втемелени во традиционалното еколошко или автохтоно знаење. На пример, постојните адаптациски напори во поларните региони секако дека имаат корист од вклучувањето на знаењето на домородните и локалните народи, поради тоа што околните трендови и структури на копнените/

приморските предели се менуваат, како и здравјето и популацијата на видовите (IPCC, 2019 год.).

При разгледувањето на разните засегнати страни во дадено РЗП, од суштинска важност е да се обезбеди активно, инклузивно и транспарентно учество, без оглед на полот, возраста или социјалното,

Упатство за користење на Глобалниот стандард на IUCN за решенија засновани врз природата – Прво издание

Воведување на Глобалниот стандард на IUCN за РЗП

10

Упатство за користење на Глобалниот стандард на IUCN за решенија засновани врз природата – Прво издание

2. Воведување на Глобалниот стандард на IUCN за РЗП

2.1 Потребата за глобален стандард

Со сè поголемата популаризација на концептот на РЗП, се јави соодветна потреба за јасно разбирање, комуницирање и спроведување на стандардот на начин на којшто се операционализираат осумте основни начела на РЗП (IUCN, 2016 год.). Стандардите за практиката се вообичаен метод за постигнување на ваквите цели со развивањето на полињата на практика. Покрај тоа, важно е да се појасни дека иако РЗП делуваат како дополнување кон заштитата на природата, нивната главна цел е да се делува во поглед на еден или повеќе општествени предизвици, од што придобивка имаат и биолошката разновидност и човековата благосостојба. Оваа диференцијација е многу важна со цел да се осигури дека 1) заштитата и понатаму испорачува наменски активности за стопирање или намалување на загубата на биодиверзитетот, онаму каде што е потребно, и 2) заштитните активности се сенаменски и информативно дизајнирани како одговор на еден или повеќе општествени предизвици, притоа налагајќи иновативни партнерства и интеграција на повеќе пристапи (како што се комплементарностите со т.н. сива инфраструктура, односно хибридните решенија).

Следствено на тоа, со брзиот и сè поголем глобален интерес за РЗП, се јавува потреба и за создавање релевантен и сеопфатен стандард според којшто ќе се врши дизајнирањето и спроведувањето на секое РЗП, како и за

утврдување дека таквиот стандард ќе го обезбеди следното:

• унифицирано разбирање и толкување на концептот за РЗП во рамките на различните сектори, корисници и географски локации;

• РЗП да се применуваат на систематски и координиран начин со другите засегнати сектори, корисници и географски локации;

• квалитетна контрола врз дизајнирањето и спроведувањето на интервенциите низ стандардизирани процеси што ќе овозможат отчетност;

• постојните релевантни алатки, пристапи и методи и нивното искористување се целосно земени предвид при дизајнирањето и примената на дадено решение;

• минимизирање на ризиците поврзани со идното неодржливо искористување на природата и неможност за категоризирање како РЗП на дејства коишто може да се особено негативни за биодиверзитетот и општеството; и

• вклучување на повеќе сектори во спроведувањето и решавањето на општествените предизвици.

На тој начин, РЗП ќе придонесат кон трансформациска промена, со тоа што ќе станат составен дел од планирањето и спроведувањето на општствените одговори на таквите предизвици.

Упатство за користење на Глобалниот стандард на IUCN за решенија засновани врз природата – Прво издание

11

2.2 Опсег на Стандардот

Глобалниот стандард на IUCN за РЗП претставува еден сеопфатен дефинитивен концепт што може да се спроведе преку постојните екосистемски пристапи и алатки, особено преку оние што се оперативни и партиципативни. Според тоа, толкувањето и спроведувањето на концептот за РЗП во голема мера зависи од контекстот, како и од големиот број различни фактори што влијаат врз општествените предизвици што се разгледуваат, вклучувајќи го и видот на екосистемот во дадениот копнен/приморски предел во којшто се применува даденото РЗП, социоекономскиот и културолошки систем и составот и односите во рамки на групите на заинтересирани страни. Поради тоа, може да се изврши стандардизација на процесите за дизајнирање и спроведување на РЗП, наместо да се очекува еден однапред пропишан исход од стандардот при секоја примена на дадено решение. Според тоа, Глобалниот стандард за РЗП е олеснувачки стандард

што е наменет за обезбедување поширока застапеност и подобрување на дизајнот и на спроведувањето, но тој не ги регулира процесите што се применуваат за постигнување дадени конкретни резултати и исходи. Исто така, предвидено е процесот на спроведување на Стандардот за РЗП да обезбеди докази за тоа како се справуваме со еволутивните еколошки и општествени промени со текот на времето и придонес кон подобрувањето на развојот на потребните политики.

Стандардот на практичарите ќе им овозможи да го стандардизираат дизајнирањето и спроведувањето на РЗП преку: 1) поставување заедничка основа за разбирање што претставуваат РЗП, а што не; 2) давање придонес за трансформациските промени преку подобрување на практиката на РЗП и поддржување на разјаснувањето и развојот на политиките поврзани со РЗП.

2.3 Примена и целна публика

Стандардот е наменет да се користи од сите кои работат во областа на верификацијата, дизајнирањето и сразмерното зголемување на РЗП. Корисниците може да ги вклучуваат и раководителите на проекти во јавниот и во приватниот сектор, планерите на предели, развојните практичари и конзервационистите, владините тела или претставниците од финансискиот сектор (донатори и инвеститори), органите надлежни за креирање на политиките и планерите. Во оваа фаза, Стандардот има две функции – дава упатства за дизајнирањето на РЗП и овозможува начини за проверка дали дадениот дизајн ги исполнува барањата на Стандардот за РЗП.

• Дизајнирање – Критериумот ориентиран кон осум процеси одговара на најважните аспекти на дизајнирањето (и идното спроведување) за дадена интервенција да може да се квалификува како РЗП. Како таков, критериумот соодветствува на циклус на проектното управување, притоа истакнувајќи ги најважните аспекти на размислувањето надвор од географскиот простор и временските ограничувања на даден проект и потребата за примена на приспособливо управување, поради тоа што дизајнот на РЗП се заснова врз теорија на промена што неизбежно ќе содржи претпоставки коишто ќе треба да се тестираат во текот на примената.

Воведување на Глобалниот стандард на IUCN за РЗП

12

Упатство за користење на Глобалниот стандард на IUCN за решенија засновани врз природата – Прво издание

• Верификација – при дизајнирањето на дадено решение, Стандардот може да се искористи за потврдување дали тоа се квалификува како РЗП. Оваа функција на Стандардот е важна за корисниците, како што се основачите и инвеститорите кои објавуваат повик за поднесување решенија. Исто така, минатите и тековните РЗП што датираат од пред развојот на овој стандард може да се проценат во однос на Критериумите на стандардот, доколку намерата е дадената интервенција да може да се признае како РЗП.

• Сразмерно зголемување – одредени примери за РЗП се во согласност со добар дел од осумте критериуми на Стандардот, при што недостигаат само неколку. Голем дел од нив се пилот-проекти или интервенции кои моментално имаат ограничено време или претставуваат независен пристап.

Стандардот може да се користи за идентификување на силните кандидати за сразмерно зголемување и идентификување на јазовите со цел трансформирање на дадена интервенција во силно РЗП.

Покрај тоа, Стандардот е моментално дизајниран за да се користи како самооценување или верификациски процес на првата страна.

Усогласен со пристапот на Стандардот за олеснување на поширокото навлегување на концептот на РЗП, моментално самооценувањето дава робустен, а истовремено флексибилен пристап кон дизајнирањето и спроведувањето на таквите решенија. Стандардот дава простор за повторливо учење и размислување, а не претставува ригиден нормативен процес на сертифицирање, поради тоа што светот сè уште ги разбира и ги толкува РЗП за различни потреби и во различни контексти.

Упатство за користење на Глобалниот стандард на IUCN за решенија засновани врз природата – Прво издание

13

3. Процес на заеднички развој на Глобалниот стандард

3.1 Основи во дефинициската рамка на IUCN за РЗП

Главната цел на РЗП е да се поддржи постигнувањето на развојните цели на општеството и да се заштити човековата благосостојба на начини на коишто ќе се отсликаат културните и општествените вредности и ќе се подобри отпорноста на екосистемите, нивниот капацитет за обнова и обезбедување услуги (IUCN, 2016 год.). Заедно со рамката за дефиниција на РЗП на IUCN од 2016 година, во која РЗП беа дефинирани како „дејства за заштита, одржливо управување и обнова на природните или изменетите екосистеми, со кои делотворно и приспособливо се решаваат

општествените предизвици, истовремено обезбедувајќи придобивки за човековата благосостојба и биодиверзитетот“ (IUCN, 2016 година), членовите на IUCN усвоија и осум начела (IUCN, 2016 год.), што е прикажано на Слика 5.

Оттогаш се изгради опсежна база на објавената литература, што уште повеќе ја потврдува оваа улога на РЗП во однос на заштитата.

Во една неодамнешна студија за начелата на РЗП (видете погоре) беше утврдено дека рамката на РЗП се протега и надвор од останатите слични методи (на пример, методот на обнова на

Слика 5: Врска помеѓу начелата за РЗП и критериумите од Стандардот за РЗП (© IUCN)

Процес на заеднички развој на Глобалниот стандард

14

Упатство за користење на Глобалниот стандард на IUCN за решенија засновани врз природата – Прво издание шумски предели (ОШП), адаптацијата заснована

врз екосистеми (АЗЕ), пристапот на еколошка обнова, екосистемскиот пристап) преку три негови принципи (2, 6 и 8, односно на синергиите на РЗП со другите видови на решенија, примена при сразмер за копнен/приморски предел и за

интеграција на политиките). Според тоа, РЗП може да се сметаат за главна рамка на серија добро воспоставени пристапи засновани врз екосистеми и поврзани со екосистеми (Cohen-Shacham et al., 2019).

3.2 Преглед на процесот на заеднички развој

IUCN го олесни кодизајнирањето на стандардите за РЗП преку акумулирање на знаењето, вештините и искуствата на стручните лица од голем број заинтересирани страни.

Таквото здружено развивање на Стандардот е важно, со оглед на тоа што РЗП претставуваат меѓусекторска тема и според тоа, има потреба од интеграција на неколку дисциплинарни полиња (на пример, екологија, општествени науки, политички науки, математика и економија) и различни форми на знаење (на пример, експериментално знаење, научно знаење и традиционално знаење), со цел определување информирани добри практики. Имаше два круга јавни консултации со повеќе од 800 заинтересирани (од јавниот и од приватниот сектор, како и невладини организации) од 100 земји.

До членовите на IUCN, неговите партнери, вклучувајќи и мултинационални компании, коалициски мрежи и донатори, беа доставени консултативни анкети. Исто така, Комисијата за управување со екосистеми (КУЕ) придонесе со својата научна ревизија на главните концепти, критериумите и показателите на четири состаноци на управниот комитет и организираше две работилници во Вашингтон, на коишто учествуваа неколку членови на лидерскиот тим. Сите мислења беа примени на

писмено и во рамките на дискусии во живо со фокусните групи. Сите мислења потекнуваа од широките консултации, коишто во голема мера влијаеја и го оформија опсегот и содржината на Стандардот. Оваа конечна фаза на Стандардот беше усвоена на 98. состанок на Советот на IUCN. Стандардот беше објавен од страна на IUCN во 2020 година.

Во поглед на техничкиот метод на развивање на Стандардот, првиот преземен чекор беше да се мапираат осумте начела на РЗП, усвоени преку Резолуцијата на Светскиот конгрес за зачувување на природата на IUCN Resolution WCC-2016-Res-069-EN (IUCN, 2016) од страна на членките на IUCN, до тринаесетте постојни релевантни Стандарди, пристапи и насоки за рамки за управување со екосистемите.

Заедничките начела и јазови меѓу рамките беа мапирани со цел да се воспостават заеднички основи на РЗП и елементите единствени за РЗП, со цел да се овозможи развој на стандард на IUCN. Користејќи го овој метод, првично беа развиени седум критериуми за внатрешна консултација, искористувајќи ги стручноста и искуството на IUCN. Врз основа на понатамошните разгледувања и консултации, беа одобрени осум критериуми за РЗП.

Упатство за користење на Глобалниот стандард на IUCN за решенија засновани врз природата – Прво издание

15

3.3 Меѓународен кодекс за стандарди за одржливост

Од почетокот на развојниот процес на Стандардот, IUCN се заложи да го усогласи развојот на Глобалниот стандард на IUCN за РЗП, онолку колку што е можно, со Кодексот за добра практика на Меѓународниот сојуз за општествена и еколошка акредитација и означување (ISEAL): поставување општествени и еколошки стандарди. Оваа верзија на Глобалниот стандард на IUCN за РЗП е резултат од научените лекции во текот на јавните консултации спроведени во 2018 и во 2019 година.

Во Глобалниот стандард на IUCN за РЗП се наведени критериумите и показателите усвоени на 98. состанок на Советот на IUCN во 2020 година. Овој документ, Упатството за користење на Глобалниот стандард на IUCN за РЗП, е даден во прилог на оваа брошура со цел да се даде научна основа и упатства за корисниците.

Еден друг документ, Делот III, подоцна ќе служи како упатство за корисниците, надградувајќи се од лекциите од пилот-проектите и ќе биде поврзан со алатката за самооценување, заедно со предлози за средства за проверка и дизајн, како и алатки за спроведување.

Упатства за критериумите

16

Упатство за користење на Глобалниот стандард на IUCN за решенија засновани врз природата – Прво издание

4. Упатства за критериумите

4.1 Резиме

Стандардот се состои од осум критериуми, при што секој од нив има збир на показатели. Критериумите се цврсто засновани врз начелата на РЗП, како и врз повратните мислења добиени при консултациите.

Во Критериумот 1 се исцртува процесот за утврдување на општествените предизвици со коишто се соочуваат заинтересираните страни и носителите на правата, како и за разбирање на поврзаните можности и предизвици. Дизајнот на решенијата мора да има за цел решавање на предизвиците, земајќи ги предвид пошироките општествени, економски и еколошки контексти во чии рамки постојат и проблемот и решението, во согласност со Критериумот 2. Со вториот критериум се разгледува фактот дека иако спроведувањето на решението е

на ниво на конкретна локација или со помал обем, согледувањата на поголем сразмер и обем може во голема мера да влијаат врз робусноста и трајноста на решението, дури и по неговото спроведување.

Со критериумите 3, 4 и 5 се утврдуваат процесите што може да ги подобрат шансите за позитивен исход за биодиверзитетот, општеството и економијата.

Меѓутоа, со цел да се постигнат овие три критериуми во однос на непосредните, краткорочните и долгорочните исходи, треба да се утврдат и да се подготват компромисни решенија, коишто директно се разгледуваат во шестиот критериум, со цел на ова прашање да му се овозможи поголема видливост и важност. Процесите за донесување одлуки за какви било компромисни мерки мора да бидат транспарентни и правични и би можеле да бидат во рамките на контекстот на еден или повеќе критериуми од критериумите 3, 4 и 5. Покрај тоа, начелата на приспособливо управување поддржани од теоријата на промена и процесите на повторливо учење, во согласност со Критериумот 7, исто така може да го подобрат успехот на РЗП. Критериумот 8 се фокусира врз процесите за интегрирање на РЗП во просторен и временски сразмер, каде што активностите и влијанијата може да се одржат и надвор од самостојните проекти, со цел целосно искористување на потенцијалот на природата како алатка за изнаоѓање решенија за општествените предизвици.

Подолу се дадени упатства за осумте критериуми на Стандардот за РЗП и нивните основни показатели.

Во упатствата се опишани елементите на она што претставува издржано РЗП и исто така се утврдува каде различните критериуми и показатели се меѓусебно поврзани.

Слика 6: Сите осум критериуми што го сочинуваат Глобалниот стандард на IUCN за РЗП се меѓусебно поврзани. (© IUCN)

Упатство за користење на Глобалниот стандард на IUCN за решенија засновани врз природата – Прво издание

17

Критериум 1: Со РЗП ефективно се решаваат општествените предизвици

РЗП треба да бидат дизајнирани на начин на којшто ефективно и ефикасно ќе се решат конкретните општествени предизвици. Тука се вклучува приспособувањето и ублажувањето кон климатските промени, намалувањето на ризиците од катастрофи, деградацијата на екосистемите и загубата на биодиверзитетот, човековото здравје, социоекономскиот развој, достапноста на храната и водата. Трите главни видови на делотворни активности за зачувување на природата може да се користат (поединечно или во комбинација) со цел решавање на општествените предизвици – зачувување преку заштита, обнова и активности на обновата, како и одржливо искористување. Дизајнот има за цел постигнување конкретни резултати, коишто директно и експлицитно се насочени кон општествените предизвици и придонесуваат за исполнување на општествените потреби, притоа одржувајќи ги функциите на екосистемите.

Пред почетокот на секоја интервенција, прво треба да се разгледаат превладувачките економски и еколошки услови. Тоа е важно со цел да може соодветно да се процени и целосно да се разбере видот на предизвикот којшто се решава и соодветноста на предложеното РЗП, како и да се измерат подобрувањата по извесен период.

Основните параметри може да се состојат од анализа на ситуацијата, поддржано со објавена и/или т.н. сива литература. Исто така, основните параметри треба да се развијат во консултација со релевантните заинтересирани страни, идните корисници и останатите чинители, како што се владините тела, компаниите од приватниот сектор, локалните академици и научници со експертиза во областа на климата и екологијата на дадената локација, како и поднационалните власти со конкретна надлежност за дадената целна локација.

Иако РЗП се фокусираат врз решавање на општествените предизвици, дефинираните активности треба исто така да имаат за цел

одржување и подобрување на екосистемските услуги, притоа одржувајќи ја структурата на екосистемите, нивната функција и состав (видете го Критериум 3). На тој начин се зачувува интегритетот и стабилноста на еколошките системи и се подобрува долгорочната делотворност на РЗП во однос на решавањето на општествените предизвици. Едно РЗП што ја поедноставува структурата, функцијата и составот на еден екосистем ја намалува отпорноста и иако има одредени краткотрајни резултати, најпосле ќе колабира. Холистичките пристапи кон повеќегодишно траење имаат најдобра шанса за успех.

К-1.1 Се врши приоритизирање на најнеодложните општествени предизвици за имателите на права и корисниците

Иако РЗП може да генерираат повеќекратни придобивки за голем број општествени предизвици, интервенциите на РЗП треба да соодветствуваат на најмалку еден (или повеќе) конкретни општествени предизвици.

При утврдувањето на општествените предизвици мора да се применува транспарентен и инклузивен процес (Критериум 5). Тоа се должи на фактот дека она што може да се смета за приоритетен предизвик од страна на надворешните заинтересирани страни може да не се смета за таков од страна на локалното население и обратно. Според тоа, процесите опишани во критериумите 5 и 7 треба да служат како основа за носење на одлуките. Исто така, важно е да се разбере и да се признае дека, поради останатите меѓусебно поврзани влијанија на општествените предизвици врз локалните заинтересирани страни, решавањето на даден општествен предизвик може да наложи решавање на друг предизвик.

Упатства за критериумите

18

Упатство за користење на Глобалниот стандард на IUCN за решенија засновани врз природата – Прво издание На пример, во некои заедници, невозможно

е да се работи врз долгорочното влијание на климатските промени доколку заедниците немаат капацитет да се справат со сезонските катастрофи или да обезбедат безбедно место за живеење. Од друга страна, пак, доколку општествените и културолошките предизвици не се решат соодветно, како што се проблемите со вработувањето или поседувањето земјиште, ќе биде тешко да се постигнат пресвртните точки.

Потребен е пристап на теоријата на промената со цел да се овозможи трансформациска промена што ќе трае и за наредните генерации.

Упатувањата и алатките за тоа како да се развие теоријата на промената ќе бидат достапни како дополнителна информација кон овој Стандард.

К-1.2 Разгледаните општествени предизвици се јасно разбрани и документирани

Со интервенциите на РЗП треба да се решат општествените прашања коишто директно влијаат врз конкретна група луѓе (на пример, РЗП за контрола на крајбрежната ерозија која загрозува одредена конкретна општина) или индиректно влијаат врз општеството како целина (на пример, РЗП дизајнирано за врзување јаглерод како опција за ублажување на климатските промени). Меѓутоа, дадена интервенција на едно РЗП во однос на еден конкретен општествен предизвик честопати има повеќекратни економски придобивки и, онаму каде што е соодветно, општествените предизвици што се решаваат со овие дополнителни придобивки треба да се опишат и да се документираат.

Исто така, не сите интервенции за зачувување или обновување на природата може автоматски да се сметаат за РЗП. Иако конзервациските

интервенции може (директно или индиректно) да генерираат дополнителни општествени придобивки, голем дел од нив не се изречно дизајнирани или управувани за продуцирање такви придобивки. За една постојна конзервациска интервенција да биде проширена или претворена во РЗП, потребно е менување на планот за надлежност и управување со цел да одговара на критериумите и целите на РЗП со воспоставување на потребните основни параметри со цел да се измерат и да се докажат испорачаните резултати. Особено, трансформацијата на конзервациското дејство би требало да се води врз основа на Критериумот 7 (Приспособливо управување) за да може да се смета за интервенција со РЗП.

К-1.3 Утврдени се исходите за човековата благосостојба што произлегуваат од РЗП и за нив се определени споредбени критериуми со коишто периодично се оценуваат

Потребно е да се развијат цели со цел дадената интервенција да даде придобивки за човековата благосостојба (во Поимникот е дадена дефиницијата за човековата благосостојба).

Тоа е релевантно при диференцијацијата помеѓу конзервациските активности и РЗП (Показател 1.1). Идеално, треба да се развијат целите и за спроведувањето, и за влијанието на интервенцијата. Додека целосното влијание на РЗП може да се реализира и надвор од временската рамка на интервенцијата, може да се развијат индикативни цели или клучни фази. Таквите цели или клучни фази би можеле да претставуваат стимулации за долгорочни вложувања во одржувањето на РЗП и би биле корисни за долгорочен мониторинг на интервенцијата.

Упатство за користење на Глобалниот стандард на IUCN за решенија засновани врз природата – Прво издание

19

Критериум 2: Дизајнирањето на РЗП зависи од обемот

Добриот дизајн на РЗП е свесен и ги зема предвид интеракциите што се случуваат во различните општествени и еколошки обеми во рамките на даден копнен предел или приморски предел – на пример, сезонското движење на сточарска заедница или сезонската надворешна миграција на млади мажи од рурални заедници за да работат во оддалечен град, или прилив на средства од членови од семејството што живеат подалеку. Доколку не се препознаат при дизајнирањето на проектите, интеракциите во рамките на различните обеми може да доведат до несоодветни или погрешно позиционирани активности, удвојување, конфликти и неуспех на проектите.

Важно е да се разбере како се поставени различните екосистеми во исто подрачје (предел) и како стапуваат во меѓусебна интеракција. Во секоја фаза од развојот и спроведувањето на РЗП, треба да се земе предвид поширокиот копнен/

приморски предел.

РЗП мора да се разгледуваат во даден обем на копнен/приморски предел поради тоа што екосистемите се засегнати и трпат дејства на пошироки копнени и приморски предели во коишто се вметнати и не може да се управуваат во изолација. Исто така, поради тоа што одредени добра и услуги на екосистемите се генерираат на ниво на копнените или приморските предели, активностите на РЗП мора стратегиски да се распоредат во рамките на поголеми копнени/

приморски предели.

Всушност, управувањето со еколошките процеси на ниво на предел – на пример, рециклирањето на хранливи материи – може да биде исто толку важно колку и управните одлуки донесени на ниво на локацијата на интервенција, особено доколку обезбедувањето екосистемски услуги е важна цел.

Според тоа, долгорочното оценување, планирање, спроведување и мониторинг на активностите наменети да влијаат врз екосистемските добра и услуги од коишто има корист поширокото општество (вода, ублажување и приспособување кон климатските промени итн.) налагаат пристапи на ниво на копнениот/приморскиот предел и интегрирано спроведување и следење мерки специфични за локацијата. Поради таквите причини, во секоја фаза од развојот и спроведувањето на РЗП, мора да се земе предвид поголемиот копнен/приморски предел, како што е случај и со различните општествени и економски процеси коишто се одвиваат на таквите нивоа.

К-2.1 Со дизајнот за РЗП се препознаваат и се обезбедува одговор на интеракциите меѓу економијата, општеството и екосистемите

Сите интервенции, вклучувајќи ги и оние што се случуваат на поединечни локации или мали просторни обеми, треба да се развијат во контекст на големи копнени/приморски предели преку планирање на копнените/приморските предели, со цел активностите да се стратешки и да ги максимизираат придобивките за луѓето и екосистемите, притоа минимизирајќи ги негативните влијанија врз соседните екосистеми и човековата популација. Спроведувањето на иновативни РЗП во мал обем претставува основа за сразмерно зголемување, поради тоа што засегнатите страни во копнениот/приморскиот предел учат и применуваат нови практики иницирани од оние што се подготвени да се обидат со нешто ново. Контекстот на поголемите копнени/приморски предели вклучува еколошки, економски и социокултурни перспективи.

Наместо да се фокусира врз конкретен екосистем или збир на засегнати страни, со обемот на

Упатства за критериумите

20

Упатство за користење на Глобалниот стандард на IUCN за решенија засновани врз природата – Прво издание копнениот/приморскиот предел се разгледува

како екосистемите и нивите функции се поврзани со вредностите, правата и придобивките на различните заинтересирани страни.

Планирањето и носењето одлуки за РЗП треба секогаш да се преземаат земајќи го предвид обемот на копнениот/приморскиот предел и со разбирање на импликациите на интервенциите на ниво на копнениот/приморскиот предел.

Ваквите согледувања би можеле да им помогнат на практичарите што работат на РЗП да ги интегрираат различните потреби, различните секторски планови, програми и политики и да ја поддржат употребата на соодветни традиционални практики за спроведување во еден единствен просторен контекст којшто ги разгледува компромисните мерки, опциите и сценаријата. Таквите согледувања на ниво на копнениот/приморскиот предел не само што ќе вклучуваат мерки за дејства специфични за локацијата, туку исто така и за кумулативни влијанија меѓу локациите и различните засегнати страни.

Поради тоа што интеракциите помеѓу луѓето и природата се сложени и непредвидливи, дизајнирањето на РЗП може да се заснова врз едноставен квалитативен модел развиен во рамки на партиципативен процес. Обично, тука би било вклучено идентификување на примарните интеракции меѓу засегнатите страни и начинот на којшто тие го користат земјиштето, интеракциите помеѓу ваквите групи на засегнати страни и самиот копнен или приморски предел, како и интеракциите помеѓу копнениот/приморскиот предел и надлежните политики и регулаторни аранжмани, вклучувајќи ги националните закони и политики. Овој едноставен модел на системи може да служи како основа за партиципативен развој на идните сценарија што го насочуваат процесот на донесување одлуки и овозможуваат соодветна интеграција на прашањата поврзани со критериумите 3, 4, 6 и 8.

Разбирањето на влијанието на интеракциите во рамките на хиерархиските обеми (и во рамките и помеѓу институциите кои учествуваат во РЗП) има важни импликации врз управувањето и разгледувањето на начинот на којшто постојните институции (формални и неформални) може да ги поддржат или да ги попречат алтернативните дизајни на РЗП.

К-2.2 Дизајнот за РЗП е интегриран со другите комплементарни

интервенции и бара синергии во рамките на секторите

РЗП може да се спроведат поединечно, иако вообичаено тие се дел од еден интегриран пакет што вклучува други видови решенија потребни за решавање на дадени општествени предизвици (на пр. технолошки и инженерски решенија, финансиски инструменти). Синергиите на РЗП со останатите видови решенија би можеле изречно да се испланираат. Важно е сите придонеси да имаат солидна научна основа и во нив да се инкорпорира интегративен пристап кон мониторингот како дел од дизајнот.

Врските помеѓу големиот број сектори со цел проширување на опсегот на решението на општествените предизвици може да се идентификува со цел да се поддржат синергиите меѓу различните решенија. Таквите заеднички пристапи ја подобруваат сопственоста на пристапот, го намалуваат ризикот од негативни несакани последици и го олеснуваат целокупното насочување на РЗП во политиките и секторите. При планирањето на РЗП, важно е активно да се бараат потенцијалните синергии со различните сектори (на пример, земјоделство, шумарство, водни ресурси, здравје итн.) што би можеле да придонесат за РЗП, за решавање на егзистенцијалните потребни и за подобрување на квалитетот на животната средина. Некои илустративни примери за таквите врски би

Упатство за користење на Глобалниот стандард на IUCN за решенија засновани врз природата – Прво издание

21 можеле да вклучуваат инкорпорирање во РЗП

на: а) секторите на земјоделско осигурување или осигурување на земјоделски култури, со цел подобро решавање на проблемот со достапноста на храна; б) здравствениот сектор, за подобро решавање на проблемите со човековото здравје во урбаните подрачја; в) инфраструктурата, со цел решавање на ризиците од катастрофи во случај на поплавување на крајбрежните области (преку комбинација од заштитни мангрови шуми и заштитни насипи).

К-2.3 Во дизајнот за РЗП се вградува утврдување на ризиците и управувањето со ризиците надвор од местата на интервенција

Кредибилните процеси на дизајнирање налагаат да се изврши проценка на влијанието на општествените и еколошките процеси, како и ризикот од несакани промени на системот поради настанувањето на надворешен настан (на пример, природна опасност) и како тоа може да влијае врз предвидениот исход од интервенцијата.

Ова посебно важи за негативните влијанија што потекнуваат надвор од границите на интервенцијата.

Во оценката на ризиците исто така ќе се земе предвид и потенцијалот за поголема ранливост на одредени засегнати страни како непосакувана последица од дизајнот на интервенцијата. Ова е

важно во случај на РЗП каде што повеќе извори би можеле да влијаат врз долгорочното здравје и интегритет на основните екосистемски услуги.

Раното делување, како што е оценката на ризиците и влијанијата, како и проактивното управување со заканите, навистина може суштински да влијаат врз успешноста или неуспешноста на дадено РЗП.

Основните клучни прашања може да се одговорат преку оценката на ранливоста и отпорноста, како на пример:

• Дали постојат конфликтни национални, регионални или локални политики коишто би можело негативно да влијаат врз управните цели на РЗП на предметниот социоеколошки систем?

• Дали постојат конфликтни тврдења во однос на социоеколошките системи и обезбедените услуги што би служеле како основа за РЗП?

• Дали во соседните подрачја или, пак, низводно се забележани практики на користење на земјиштето што би ја намалиле делотворноста на РЗП?

• Дали дизајнот на РЗП е доволно робустен за да може да ги апсорбира предвидените економски, демографски и климатски промени?

• Дали самото РЗП претставува потенцијален ризик или, пак, дополнителен притисок врз поддршката на екосистемите (на пример, ризик од внесување или ширење на инвазивни видови)?

Упатства за критериумите

22

Упатство за користење на Глобалниот стандард на IUCN за решенија засновани врз природата – Прво издание

Критериум 3: РЗП резултира во нето-добивка за биодиверзитетот и интегритетот на екосистемот

Со тековната криза со биодиверзитетот, не само што на ретките видови им се заканува изумирање, туку и сериозно се деградираат голем број екосистеми, при што се нарушува и здравјето на планетата и поширокото човеково здравје. Без оглед на тоа кои општествени предизвици се цел, сите РЗП мора да имаат нето позитивно влијание врз биодиверзитетот; со други зборови, биолошката разновидност и еколошкиот интегритет на местото на интервенција и неговата околина треба да се подобрат како резултат од РЗП.

Целта на РЗП треба да биде зачувување или обновување на интегритетот на екосистемот и избегнување на понатамошно поедноставување на екосистемот (како што е замена на природно мешаните шумски предели со плантажи со дрвја-монокултури). Иако биодиверзитетот (види целосна дефиниција во Поимникот) претставува клучна компонента за еколошкиот интегритет, другите еднакво важни компоненти ја вклучуваат структурата и функцијата на екосистемите и копнените/приморските предели, како и поврзаноста. Покрај тоа, РЗП зависи од еколошката состојба на придружните екосистеми; поради тоа, во интерес на практичарот на РЗП е да осигури дека мерките за спроведувањето, во најмала мерка, ќе го одржат еколошкиот интегритет на целната област во подолг рок. Важно е конзервациските цели да бидат утврдени од страна на предлагачите на РЗП и да бидат инкорпорирани во плановите за спроведување, како и дека напредокот е земен предвид во текот на следењето на спроведувањето, а притоа да не се занемарат општествените предизвици коишто РЗП има за цел да ги разреши.

Разумно е практичарите на РЗП периодично да ги оценуваат негативните влијанија во целните и соседните екосистеми. Во оперативниот план за РЗП треба да има детален преглед заснован врз докази на потенцијалните ризици и на

влијанијата на главните активности на РЗП во однос на областа на биодиверзитетот. Покрај тоа, првата фаза во планирањето на РЗП треба да го претставува разбирањето на основната состојба на целниот копнен/приморски предел во однос на биодиверзитетот, составот, структурата, функцијата, поврзаноста и надворешните закани. Оваа основна состојба обезбедува информации за степенот на деградација и може да се употреби за да се утврдат специфичните цели на РЗП, како и споредбениот критериум за утврдување на ефикасноста и влијанијата. Поради тоа што сите екосистеми и копнени/приморски предели – вклучително и оние без или со минимална деградација – се динамични, степенот на деградација не треба да се оценува врз основа на историскиот екосистем или копнениот/

приморскиот предел, туку врз основа на состојбата во која системот би се наоѓал денес ако немало деградација. Ова може да се карактеризира со креирање модели од постојните референтни места или копнени/приморски предели, теоретските информации или традиционалното знаење.

Анализите и собирањето податоци може да бидат скапи. Сепак, има потреба од основни параметри за да се карактеризираат клучните компоненти на еколошкиот интегритет и да се утврдат тековните двигатели за деградацијата.

К-3.1 Активностите на РЗП директно одговараат на оценката заснована врз докази на актуелната состојба на екосистемот и превладувачките двигатели на деградацијата и загубата

Анализата и собирањето податоци се скапи, така што секогаш постои ризик дека практичарите на РЗП ќе ги ограничат основните оценки изречно на екосистемските услуги од интерес (на пример, со иницијативата за врзување јаглерод

Упатство за користење на Глобалниот стандард на IUCN за решенија засновани врз природата – Прво издание

23 преку подобрено управување со тресетишта

се оценува само потенцијалот за врзување јаглерод). Сепак, поради тоа што обезбедувањето на екосистемските услуги е нарушено од интегритетот и состојбата на самиот екосистем и имајќи предвид дека еден од клучните атрибути на РЗП се состои во тоа што РЗП придонесува и кон зачувување на биолошката разновидност, пожелно е основните параметри да бидат доволни за да се насочуваат овие видови раководни одлуки во текот на спроведувањето.

Основните информации за основните параметри треба да го вклучуваат следново како минимум:

1. Структурните информации, вклучително и трофичката динамика и вегетациските слоеви и нивната просторна распространетост во рамките на екосистемите и просторната распространетост (и шемите на распространетост) на клучните видови екосистеми во рамките на копнените/

приморските предели, во согласност со потребниот обем во областа од интерес и нивниот тековен статус на заштита;

2. Составот на видовите, вклучително и бројноста на видовите од клучните таксономски групи (на пример, васкуларни растенија, цицачи, птици и почвени микроорганизми) и тековниот статус на заштита на видовите (ризик од изумирање);

3. Информациите за клучните екосистемски функции (на пример, стапки на продуктивност, проток на вода на хранливи материи и биотички интеракции);

4. Клучните аспекти на физичката средина (на пример, количество и квалитет на водата и информации за физичките и хемиските својства на почвата и другите супстрати);

5. Поврзаноста, вклучувајќи ги и коридорите со природна или полуприродна вегетација низ копнените/приморските предели со коишто се поврзуваат заштитените и полузаштитените области и другите засолништа (рефугии) за биодиверзитетот и

коишто овозможуваат размена на пропагули, вода и материјали меѓу екосистемите;

6. Надворешните закани за екосистемот или копнените/приморските предели и ризикот од колабирање на екосистемите, кога е возможно според утврденото од страна на Црвената листа на IUCN на засегнати видовиТМ и Црвената листа на екосистеми;

7. Постојните или тековните интервенции за заштита за видовите и екосистемите во ризик во копнениот/приморскиот предел.

Основната оценка треба да се користи за утврдување на степенот на деградација и дизајнирање на проектните цели, како и за да се разберат промените што РЗП ги произведува со текот на времето, коишто потоа може да се употребат за целите за управување, вклучувајќи го и приспособувањето на интервенциите со РЗП за да се намалат негативните исходи. За ова е потребно проценетите променливи и единицата за анализа да бидат слични или идентични во однос на основната анализа. Потребно е редовно следење за да се оценат подобрувањата на интегритетот на екосистемот и капацитетот за обезбедување на посакуваните услуги.

К-3.2 Јасните и мерливи конзервациски резултати за биодиверзитетот се утврдени, определени се споредбените критериуми и тие периодично се оценуваат

Имајќи предвид дека РЗП зависат од здравјето и состојбата на придружните екосистеми, во интерес на практичарот е да осигури дека со мерките за спроведување барем се одржува, а иделно се подобрува, еколошкиот интегритет и разновидноста на видовите во целната област во подолг рок. Опфатот и опциите за таквите подобрувања се специфични во однос

Упатства за критериумите

24

Упатство за користење на Глобалниот стандард на IUCN за решенија засновани врз природата – Прво издание на контекстот, зависат од договорот со другите

заинтересирани страни, од националните и поднационалните политики и достапните ресурси. Во некои ситуации, РЗП може да вклучат активности за еколошка обнова со коишто се отстранува деградацијата и се овозможува системот да се врати во состојбата во која би бил без деградацијата. Во други ситуации, целта на РЗП може да биде само да се диверзифицира составот на видовите на определени места или да се подобри обезбедувањето на само еден дел од клучните екосистемски функции. Важно е конзервациските цели да се утврдени и вградени во спроведувањето, како и дека ефикасноста и влијанијата (вклучително и непредвидените последици) се определени преку следење, при што нема да се занемари општествениот предизвик којшто е целта на РЗП.

Како минимум, РЗП треба да го вклучуваат следното, за секоја раководна цел поврзана со зачувувањето и обновувањето на биолошката разновидност и еколошкиот интегритет:

1. Посебни мерливи променливи поврзани со целта за управување (на пример, број на видови/

ha, % покривка со крошни);;

2. Активност (на пример, зголемување, намалување, одржување);

3. Количество (на пример, 50 %);

4. Временски период (на пример, 5 години).

К-3.3 Следењето (мониторингот) вклучува периодични проценки на непосакуваните негативни последици врз природата што произлегуваат од РЗП

Планот за спроведување на програмата за мониторинг за утврдување на ефикасноста и влијанијата (вклучувајќи ги и негативните влијанија) на РЗП треба да се изготви во исто време со изготвувањето на планот за РЗП.

Екосистемите се сложени и динамични. Иако робусниот процес за планирање (Критериум 2) ќе помогне во предвидувањето и разрешувањето на негативните секундарни влијанија, секогаш има ризик од непредвидени исходи кога се работи со природни системи и процеси. Затоа е пожелно практичарите на РЗП периодично да вршат ревидирање во однос на негативните влијанија во целните и соседните екосистеми. За таа цел, во оперативниот план за РЗП треба детално да се наведе преглед заснован врз докази на потенцијалните ризици и влијанија од главните интервенции со РЗП. Ова треба да вклучи утврдена фреквенција на следење и рамка за одговор ако се забележат негативни секундарни влијанија.

Во планот за следење и евалуација мора да се вклучи следното:

1. Износ и извори на финансирање за секоја компонента од програмата за следење (детално прикажани подолу);

2. Дизајн за собирање податоци, вклучувајќи ги и променливите што треба да се оценат, методот за собирање податоци, потребната репликација за да се утврдат влијанијата од раководните интервенции, фреквенцијата и времетраењето на следењето;

3. Видовите анализа што ќе се користат за проценка на влијанијата од управувањето;

4. Локација и протоколи за управување и креирање постојана архива на податоци;

5. Начинот на којшто ќе се споделуваат научените лекции.

К-3.4 Можностите за јакнење на интегритетот на екосистемот и неговата поврзаност се утврдени и вградени во стратегијата за РЗП

Поврзаноста на екосистемот се однесува на двонасочниот проток на биотичките (т.е.

живите) компоненти на екосистемите, кои инаку би биле одвоени во копнениот/приморскиот

Упатство за користење на Глобалниот стандард на IUCN за решенија засновани врз природата – Прво издание

25 предел со физички бариери. Придонесувањето

кон подобрената поврзаност на екосистемите може често да претставува цел за зачувување која релативно лесно може да се олесни со РЗП.

Опсегот во којшто се разгледува поврзаноста во планирањето зависи од целите што се поставени за интервенцијата со РЗП.

Исто така, има силна социјална перспектива за поврзаноста на екосистемот, и од тој аспект, дел од најдобрите можности за интервенциите со РЗП се однесуваат на урбаната побарувачка за зелени простори, не само за рекреативни и надворешни образовни можности, туку и за јавното здравје и намалувањето на честичките и прашината. Поврзаноста меѓу урбаните екосистеми и внатрешноста е многу добар

пример за развојот на зелени простори во урбаните области.

Други примери за начините на коишто РЗП може да ја подобрат поврзаноста вклучуваат планирани коридори кои поврзуваат мали засолништа (рефугии) на биодиверзитетот, како што се живата ограда, водните живеалишта и шумските парцели во инаку изменети екосистеми, за да се овозможи движењето на видовите во даден предел; или зачувување на поврзаноста меѓу изворишните предели и урбаните области со коишто се обезбедуваат одржливи залихи вода за жителите. РЗП мора да бидат дизајнирани, спроведени и следени, имајќи ја притоа предвид поврзаноста и нејзиното влијание врз интегритетот на екосистемот.

Упатства за критериумите

26

Упатство за користење на Глобалниот стандард на IUCN за решенија засновани врз природата – Прво издание

Критериум 4: РЗП се економски одржливи

Еден од предизвиците со коишто голем број практичари на РЗП денес се соочуваат е недостигот од економско или финансиско планирање и долгорочни ресурси. Голем број интервенции прават грешка и вложуваат рани значителни инвестиции без да ја земат предвид економската и финансиската одржливост надвор од рамката за интервенција. Не само што со ова се зголемува ризикот од неуспех на РЗП, туку и не се искористуваат можностите коишто РЗП ги нуди во однос на одржливиот економски развој. На пример, креирањето зелени работни места и одржливи основни средства за живот може да се интегрираат во рамките на опфатот на интервенцијата со РЗП, за да се обезбедат стимулации за понатамошно влијание.

За РЗП да бидат одржливи, потребно е да има силен економски аспект (покрај другите два столбови за одржлив развој – животна средина и социјални аспекти). Во спротивно, ќе се соочиме со ризикот од спроведување кое е ограничено на рокот на траење на проектот (на пример, пет години), при што, по завршувањето, решението и повеќекратните придобивки што се обезбедени се намалуваат и, потенцијално, престануваат да постојат, па дури и може да ги остават копнениот/приморскиот предел во полоша состојба од претходно. Покрај тоа, РЗП не функционираат во вакуум во однос на финансиите, бидејќи мора да има определено ниво на кохезивност и интегрирање со финансиските институции и структурите за мотивација. Потребно е разбирање на тоа дали економската политика и финансиските структури се комплементарни за да се осигури дека РЗП го нудат својот широк опсег на придобивки за природата и луѓето.

Природата е во основата на нашата економија и општество преку производството на придобивки за луѓето, директно (на пример, храна, дрво и влакна) и индиректно (на пример, циклус на хранливи материи, создавање почва, опрашување).

Добрата и услугите што се обезбедуваат за луѓето од природниот капитал вклучуваат опсег на општествени придобивки и придобивки од животната средина вклучувајќи чист воздух и вода, ублажување на климатските промени и приспособување кон нив, храна, енергија, места за живеење, материјали за производи, рекреација и заштита од непогоди. Иако за дел од овие придобивки се вршат трансакции и се оценуваат преку пазарите, голем број придобивки од природата се непазарни добра и услуги, вклучувајќи и некои кои навидум се достапни бесплатно.

Кога се евалуираат РЗП, клучен предизвик е да се инкорпорираат нивните повеќекратни придобивки од една заедничка економска евалуациска рамка.

Централните пристапи за инкорпорирање на економските аспекти вклучуваат ефективност во однос на трошоците и оценка на трошоците и придобивките. Кога се ефективни во однос на трошоците, РЗП го постигнуваат пакетот на посакувани резултати (на пример, врзување на CO2, заштита од поплави, филтрација на вода и зачувување на биодиверзитетот) по трошок којшто е понизок или споредлив со оној на другите можни решенија за истите општествени предизвици.

За оценката на ефективноста на трошоците не е потребно да се користи заедничка валута, што помага во инкорпорирањето на немонетарните придобивки, а ги ограничува опциите што се достапни за споредба со различните исходи од придобивките. Оценката со повеќе критериуми може да ја надополни оценката на ефективноста на трошоците преку собирање на различните крајни точки за придобивките во една заедничка рамка за евалуација и одлуки.

Во анализата на трошоците и придобивките се интегрираат повеќекратни исходи од придобивки, приватни и општествени, со тоа што тие се споредливи преку употребата на заедничка валута.

Кога сите придобивки може да се монетизираат,

Упатство за користење на Глобалниот стандард на IUCN за решенија засновани врз природата – Прво издание

27 анализата на трошоците и придобивките ја

надминува ефективноста на трошоците и се евалуираат не само трошоците за постигнување конкретен исход од придобивките (економичност) туку и се определува кое ниво на инвестиции во РЗП пред сѐ се гарантира (придобивките ги надминуваат трошоците).

К-4.1 Директните и индиректните придобивки и трошоци поврзани со РЗП, кој плаќа и кој има

придобивки, се утврдени и документирани

Најосновното барање за да се разберат економските аспекти на РЗП вклучува идентификација и документирање на сите видови добиени придобивки (финансиски и нефинансиски; економски и неекономски), кој ги добива, колкави се трошоците за обезбедување и кој ги сноси тие трошоци. Придобивките и трошоците може да се оценат од неекономски или економски аспект (на пример, намалени здравствени трошоци), или двете. Земањето предвид на пазарните и непазарните аспекти на РЗП е клучно за да се обезбеди сеопфатна оценка, за да се утврди кој е плаќачот, кој ќе има придобивки и кој е извршителот. На овој начин се обезбедуваат информации за аспектот поврзан со компромисните решенија во рамките на шестиот критериум (Показател 6.1).

К-4.2 Се обезбедува студија за економичност за да се поддржи избирањето на РЗП, вклучително и веројатното влијание од кои било релевантни прописи и субвенции

Аналитичката рамка може да биде основна студија за економичност, оценка на трошоците и придобивките или анализа со повеќе критериуми. Има неколку методи и алатки што се корисни за студиите за економичност и, во најмал

степен, обидот за тоа да се направи значително ќе помогне во обезбедувањето информации за Критериум 6 за компромисните решенија.

К-4.3 Ефективноста на дизајнот за РЗП се оправдува во однос на достапните алтернативни решенија, притоа земајќи ги предвид кои било поврзани надворешни фактори

Основната цел на РЗП е ефективно да се разреши најмалку еден општествен предизвик на начин којшто е економски одржлив. За да се утврди најефективното и најдостапното решение, мора да се земат предвид алтернативни решенија.

Алтернативните решенија може да бидат чисто технолошки или инженерски, структурни решенија (сиви решенија). Со споредбата на различните решенија може да се обезбедат информации за најефективниот начин за идното разрешување на општествените предизвици. Овој показател е цврсто поврзан со претходниот Показател 4.2.

К-4.4 Во дизајнот за РЗП се зема предвид портфолио на опции за ресурси како што се обврските засновани на пазарот, јавниот сектор, доброволните обврски и активностите за поддршка на регулаторната усогласеност

За да се осигури одржливоста на РЗП, потребно е обезбедување соодветни ресурси. Ова е случајот без оглед на тоа дали интервенцијата е водена од добивка или не се заснова врз добивка. Кај вториот случај, обезбедувањето на ресурси може прво да се потпира на грант, но треба да се земат предвид и средства за идни ресурси надвор од временската рамка за интервенциската активност. Во моментов, со растот на барањето за РЗП се зголемуваат и опциите за обезбедување ресурси, а особено

Упатства за критериумите

28

Упатство за користење на Глобалниот стандард на IUCN за решенија засновани врз природата – Прво издание иновативното финансирање, како што е

мешовитото финансирање. Мешовитото финансирање претставува „стратешка употреба на развојните финансии за обезбедување дополнителни финансиски средства за одржлив развој во земјите во развој“ (ОЕЦД, 2020). За да се осигури дека РЗП го нуди најефективното решение за општествените предизвици во секој случај, потребно е да се земат предвид различни опции вклучувајќи ги, на пример, циркуларната економија, доброволните обврски, даночните шеми, зелените работни места и социјалното финансирање. Финансирањето на РЗП од страна на приватниот сектор преку корпоративната општествена одговорност (КОО) или добротворното финансирање нуди можности коишто исто така треба да се земат предвид.

Долгорочниот деловен/финансиски план треба да се земе предвид заради решавање на економската/финансиската изводливост и пречките на РЗП. Во овој план се разгледува и надвор од рамките од фазата за планирање и првичното спроведување со поддршка од грант. Ако не се земат предвид долгорочните финансиски аспекти, краткорочните трошоци би можеле да ги надминат долгорочните придобивки. Можно е заклучокот од таа анализа да биде дека посакуваното решение тогаш не се смета за економски одржливо од временски аспект. Поради тоа, во планирањето треба да се земе предвид фазата на спроведување, а и да се вклучи степен на напредно размислување со горенаведениот критериум.

Упатство за користење на Глобалниот стандард на IUCN за решенија засновани врз природата – Прво издание

29

Критериум 5: РЗП се засноваат врз инклузивни,

транспарентни и зајакнувачки процеси на управување

Соодветните процеси на управување се клучни за да се определат успешни резултати од РЗП за луѓето и за природата. Со еднакво учество, делење на овластувања, признавање и безбедност на правата и јасност на одговорностите, ќе се осигураат истовремени придобивки за луѓето и природата и на краткорочен и на долгорочен рок. Управувањето со интервенцијата со РЗП вклучува можности за вклученост во идентификацијата, одлучувањето, следењето и повратните информации и процесите за поднесување жалби од сите заинтересирани страни. Сите РЗП треба да бидат со инклузивен пристап при утврдувањето и воспоставувањето на механизмите за управување и треба да ги признаваат и да ги почитуваат претходно постоечките културни практики и употребата на земјиштето онаму каде што е возможно во текот на животниот циклус на интервенцијата и по неговото завршување. Треба да се спроведе процес на ригорозно мапирање на заинтересираните страни за да се утврди опсегот на заинтересирани страни коишто ќе бидат засегнати од РЗП и на кој начин ќе бидат засегнати. Сите групи на заинтересирани страни треба да бидат застапени, а нивните удели во интервенцијата треба да се земат предвид при одлучувањето во врска со РЗП. На тој начин може да се минимизира ризикот од маргинализирањето на определена група заинтересирани страни или, што е полошо, интервенцијата со РЗП негативно да влијае врз нив. Од друга страна, недостигот од таков инклузивен пристап ќе доведе до одлучување засновано врз ограничени, погрешни и тесни перспективи, што може да доведе до зголемени социјални и/или економски нееднаквости меѓу заинтересираните страни. Може да резултира во идни конфликти со незасегнатите заинтересирани страни коишто сметаат дека требало да бидат консултирани. Ова е можно особено поради инхерентните разлики во овластувањата или асиметријата меѓу заинтересираните страни коишто може да бидат вклучени или засегнати. Покрај тоа, поради недостигот од инклузивен пристап, може да се влошат ризиците истакнати во показателите

2.3 и 3.3 (непосакувана промена надвор од местото на интервенција и негативни последици) и да се ограничи степенот до којшто може да се практикува приспособливото управување.

Транспарентноста е, исто така, клучна за да се осигури дека ресурсите (финансиски, човечки и природни) се користат на објективен и ефикасен начин во корист на групата корисници коишто се збирно идентификувани и утврдени од страна на сите вклучени заинтересирани страни. Потребна е транспарентност во однос на надворешните чинители коишто може да ја предводат интервенцијата за локалните заинтересирани страни, а особено за локалните заедници да можат да ги разберат непосредните и долгорочните импликации од интервенциите со РЗП, без оглед дали се еколошки, економски или социјални (а особено кои било потенцијални негативни влијанија врз културните, локалните права и практики). Важно е сите заинтересирани страни да ги разберат и да имаат еднакви можности за да бидат дел од процесите за одлучување во однос на начинот на којшто може да бидат засегнати од таквите импликации, вклучително и кои било компромисни решенија што ќе треба да се донесат (Критериум 6) во спроведувањето на РЗП.

Исто така, РЗП треба да придонесат кон разрешувањето на структурните, емоционалните и управувачките нееднаквости коишто може да постојат, а особено оние коишто не им овозможуваат моќ на одлучување на најмаргинализираните.

Ефективното управување помага да се избегнат конфликти и неуспешност на активноста за зачувување. Со употреба на алатките како што е Рамката за управување со природни ресурси (NRGF), може директно да се придонесе кон исполнувањето на Критериум 5, бидејќи тие се предвидени да го насочуваат дизајнирањето и спроведувањето на проектите со коишто се постигнува сеопфатно, конзистентно и систематско земање предвид на инклузијата, еднаквоста и правата.

Упатства за критериумите

30

Упатство за користење на Глобалниот стандард на IUCN за решенија засновани врз природата – Прво издание За да се постигне партиципативно, рамноправно,

транспарентно и отчетно управување со интервенциите за РЗП, со пристапот треба да се зајакнат заинтересираните страни, а особено оние коишто можеби се сиромашни, помалку влијателни или маргинализирани, на почетокот од процесот, преку проактивно јакнење на капацитетите и споделување на знаењето.

Со јакнењето може да се обезбедат основите за подолгорочна сопственост, креирање на самодоволност и најпосле, одржливост, како и сразмерно зголемување на интервенцијата.

Комуникацијата и соработката се поефективни кога потребите и културите на публиката се признаени и разбрани. Онаму каде што е релевантно, би било особено важно да се осигури дека мултиетничките заедници ги планираат и ги распределуваат ресурсите за превод и толкување на придонесите така што сите присутни ќе бидат запознаени и ќе го разберат она што сите го зборуваат.

К-5.1 Дефинираниот и целосно

утврдениот механизам за решавање жалби и добивање повратни

информации е достапен за сите заинтересирани страни пред да започне интервенцијата со РЗП

Механизмот за поднесување жалби или решавање спорови треба да се усвои рано, идеално при планирањето на интервенцијата, без оглед дали е формален правен процес или неформален систем надвор од правното подрачје, и потребно е да има утврдени постапки, улоги и правила за примање и одлучување за таквите интервенции.

Ревидирањето на постојните механизми за правна заштита во меѓународното право за активностите за зачувување ја покажа важноста од вклучување контекстуално соодветни методи за постапување и правна заштита. Механизмот за поднесување жалби треба да биде легитимен, пристапен, предвидлив, правичен, транспарентен, компатибилен во однос на правата, приспособливо управуван и заснован врз соработка и дијалог.

К-5.2 Учеството се заснова врз заемно почитување и

рамноправност, без оглед на полот, возраста или општествениот

статус и го почитува правото на домородните народи на слободна, претходна и информирана

согласност (FPIC)

Учеството треба да биде насочено кон осигурување дека разновидното знаење, вештини и идеи обезбедуваат информации за спроведувањето и еволуцијата на интервенцијата, каде што заинтересираните страни имаат сопственост на РЗП и можат и самите да обезбедуваат збирни и континуирани активности по интервенцијата.

Целосното учество е важно за успехот на интервенцијата. Пасивното учество, при кое определени групи заинтересирани страни може едноставно да бидат информирани за тоа што ќе се случи или што се случило, ќе ја намали робусноста на процесот. Слично на ова, учеството не може да претставува активност во која се извлекуваат информации од страна на една или повеќе групи заинтересирани страни, ниту пак може да се заснова врз принуда или стимулација со материјални добивки. Онаму каде што се засегнати домородните народи, мора особено да се следи начелото на слободна, претходна и информирана согласност (FPIC) во рамките на дизајнот и спроведувањето на РЗП, а другите групи заинтересирани страни може, исто така, да имаат придобивки од пристапите на FPIC.

К-5.3 Заинтересираните страни што се под директно и индиректно влијание од РЗП се идентификувани и вклучени во сите процеси од

интервенцијата на РЗП

РЗП треба да овозможи активно учество на сите лица коишто може да бидат директно или индиректно засегнати од почетокот до крајот на интервенцијата. Со примена на робусната алатка за мапирање на заинтересираните страни, анализата на заинтересирани страни треба да се

Упатство за користење на Глобалниот стандард на IUCN за решенија засновани врз природата – Прво издание

31 спроведе со цел идентификување и вклучување

на цел опсег на лица кои може да бидат засегнати од РЗП. Во процесот, исто така, треба да се идентификуваат заинтересираните страни кои може да бидат под негативно влијание и да се обезбедат можности за нивно јакнење, заедно со обезбедувањето правна заштита, за да се спречи нивната понатамошна маргинализација поради РЗП. Со механизмите за одлучување и спроведување на интервенцијата со РЗП, мора да се претстави и различноста и придонесот на засегнатите групи заинтересирани страни.

К-5.4 Со процесите за одлучување се документираат и се одговара на правата и интересите на сите заинтересирани страни што учествуваат и што се засегнати

Онаму каде што заинтересираните страни подлежат на нееднаквост, неправедност и маргинализација од аспект на нивните овластувања, социјална положба, култура или финансиска состојба, основните причини треба да се разберат и треба да се вложат сите напори за да се намалат или да се избегнат таквите нееднаквости колку што е можно повеќе. На тој начин се намалува веројатноста од конфликти. Во случај на потенцијални конфликти, тие се решаваат со преговори, при што се признаваат правата на заинтересираните страни во согласност со културните и општествените контексти и потребата од договор за намалување на ризикот од неуспех. На тој начин ќе се обезбедат информации за приспособливото управување со интервенцијата со РЗП бидејќи е невозможно да се предвидат и да се намалат сите влијанија и импликации од интервенцијата само преку процесот за планирање. Покрај тоа, ако конфликтите не може да се решат меѓу заинтересираните страни, потребно е да се користи механизам за поднесување жалби и правни лекови.

К-5.5 Онаму каде што опсегот на РЗП излегува од правосудните граници, воспоставени се механизми за да се овозможи заедничко одлучување на заинтересираните страни во засегнатите надлежности

Екосистемите често ги надминуваат политичките или административните граници. Поради тоа, важно е да се осигурат холистички пристапи што вклучуваат заинтересирани страни и институции надвор од границите на географскиот опсег на РЗП што се спроведуваат. Воспоставувањето колаборативни организации и правила, или надградување на постојните, е важно за интервенциите коишто вклучуваат интервенции што надминуваат граници како што се реки и миграторни видови. Таквите тела може да избегнат конфликтни управувачки цели во соседни надлежности кои се дел од истиот еколошки систем. Со несовпаѓањето на општествените и еколошките обеми се зголемува ризикот од неуспех, поради што во партиципативниот пристап кон управувањето треба изречно да се потврдат овие поврзувања (види и Критериум 2 за еколошкиот обем).

Онаму каде што е соодветно, за ефективните РЗП понекогаш може да биде потребна координација на прекуграничната или регионалната соработка.

Во такви случаи ќе биде потребно да се обезбедат договори за соработка од релевантните национални власти со коишто се обликува заедничката визија и конзистентниот пристап кон планирањето на РЗП, следењето, заедничкото одлучување и спроведување. Договорот треба да биде придружен со правен преглед за да се осигури усогласеност со релевантните меѓународни договори за соработка (т.е. дека националните власти коишто го спроведуваат го имаат потребниот мандат и дека има воспоставена постапка за користење правни лекови која може да се користи во случај на спорови или непредвидени последици) и законите и прописите на различните вклучени надлежности. Често може да се побара од меѓувладина организација (МВО) да помогне за процесот.

Упатства за критериумите

32

Упатство за користење на Глобалниот стандард на IUCN за решенија засновани врз природата – Прво издание

Критериум 6: NРЗП рамноправно ги балансира компромисните решенија меѓу постигнувањето на

нивните основни цели и континуираното обезбедување на повеќекратни придобивки

Иако се очекува дека со поединечното РЗП исклучиво ќе се приоритизира еден или повеќе општествени предизвици (Критериум 1), екосистемите коишто се поддржуваат ќе продолжат да обезбедуваат опсег на придобивки што се важни за општеството како целина (Критериум 3). Навистина, способноста истовремено да се обезбедат повеќекратни придобивки претставува главен атрибут на РЗП. Во определени случаи,

„наслојувањето“ на клучните придобивки (на пример, заштита на водата, врзување на јаглеродот и јавно здравје преку рекреација) претставува важен определувачки фактор за тоа дали РЗП се економски одржливи (Критериум 4).

Сепак, овој основен атрибут на екосистемите може, исто така, да обезбеди предизвик за практичарот на РЗП. Со максимизирањето на РЗП се ризикува сразмерно намалување на клучните придобивки од екосистемите коишто се клучни за решавање на предметниот општествен предизвик. Спротивно, со максимизирањето на клучните придобивки од екосистемите речиси сигурно ќе се постигне намалување на квалитетот и количеството на другите екосистемски придобивки. Таквите компромисни решенија често претставуваат инхерентна карактеристика на управувањето со природните ресурси и настануваат кога се фаворизира определена екосистемска услуга или преференции на заинтересираните страни (на пример, чиста вода за пиење) на сметка на други (на пример, земјоделско производство). Исто така, сите заинтересирани страни не се еднакво засегнати и РЗП треба да бидат исклучиви за тоа кои придобивки и чии трошоци ќе бидат разгледани. Некои компромисни решенија се резултат од намерни одлуки, додека другите настануваат без планирање или свесност за влијанијата. Компромисните решенија стануваат голем проблем кога истиот избор повеќепати се реплицира, така што исчезнуваат придобивките од важните екосистеми или настануваат на

подоптимални нивоа во целиот копнен/приморски предел.

Сепак, со компромисните решенија може успешно да се управува ако соодветно се оценат веројатните последици, ако тие целосно се обелоденат и се утврдат од страна на најзасегнатите заинтересирани страни (види студија на случај за Критериум 6 во Дел I). Со објективното и транспарентно преговарање за компромисните решенија и компензацијата меѓу потенцијално засегнатите страни за каква било загуба како резултат од РЗП, вклучително и основните средства за живот, се обезбедува основата за успешни долгорочни резултати од РЗП. Клучно е да се потврди дека компромисните решенија имаат ограничувања, што значи дека ќе има потреба од заштитни мерки за да се осигури дека долгорочните стабилизирачки својства на услугите за регулација и поддршка на екосистемот не се надминати, како што е случајот со практиките за интензивно индустриско користење на земјиште.

Од неодамна се достапни и алатки како што е алатката Вреднување на екосистемските услуги и компромисни решенија – inVEST (Sharp et al., 2020) и студии на случаи за лекции од управувањето со компромисните решенија. Ќе има достапна збирка од корисни студии на случаи и предложени алатки што го надополнуваат ова упатство.

К-6.1 Потенцијалните трошоци и придобивки од поврзаните компромисни решенија за

интервенцијата со РЗП се изречно потврдени и обезбедуваат

информации за заштитните мерки и кои било соодветни корективни активности

Практичарите на РЗП ги идентификуваат и ги документираат придобивките и трошоците за РЗП

Упатство за користење на Глобалниот стандард на IUCN за решенија засновани врз природата – Прво издание

33 и кој ги добива и кој плаќа за нив (Критериум 4),

и тие резултати се користат за активностите, како и за рамноправното делење на придобивките и трошоците меѓу заинтересираните страни. Таа анализа не треба да биде ограничена на фазата на планирање, туку треба да се вгради во целиот животен циклус на РЗП, вклучително и во започнувањето, планирањето, извршувањето и завршувањето, притоа потврдувајќи дека интервенциите со РЗП може непрекинато да се спроведуваат.

Компромисните решенија имаат просторна, временска и реверзибилна димензија. Просторната димензија се однесува на тоа дали влијанијата од компромисните решенија се чувствуваат локално или на пооддалечена локација. Временската димензија се однесува на тоа дали влијанијата се случуваат брзо или бавно. Реверзибилноста ја изразува веројатноста дека нарушените екосистемски услуги може да се вратат во својата првична состојба ако престане настанот на нарушување. Покрај тоа, мора да се воспостават аранжмани за споделување на придобивките што се заеднички договорени за да се осигури еднакво балансирање на придобивките и компромисните решенија од политиките и инвестициите.

К-6.2 Правата, користењето и пристапот до земјиштето и ресурсите, заедно со

одговорностите на различните заинтересирани страни, се потврдени и се почитуваат

Законските и употребните права на ранливите и маргинализираните групи треба да се почитуваат. Правата, употребата, одговорностите

и отчетноста на групите заинтересирани страни мора да се анализираат и да се оценат со примена на соодветни алатки, со надградување на исходите од анализата или со мапирање на заинтересираните страни.

Особено, кога станува збор за домородни народи и локални заедници, мора да се користи слободна претходна и информирана согласност (FPIC) (усогласена со Критериум 5). Дополнително, сите заинтересирани страни не се еднакво засегнати, а РЗП треба да имаат механизми за балансирање на компромисните решенија меѓу групите преку употреба на пристапи како што се транспарентноста, стимулациите и одржливите алтернативи.

К-6.3 Воспоставените заштитни мерки периодично се ревидираат за да се осигури дека заеднички договорените ограничувања за компромисните решенија се почитуваат и не ги дестабилизираат сите РЗП

Голем број релевантни политики во областа на зачувување имаат изречни заштитни политики (види, на пример, УНФЦЦЦ Договор од Канкун Додаток 1). Доброволните јаглеродни проекти често ги следат Стандардите за клима, заедница и биодиверзитет. Утврдени се и други заштитни мерки за инвестициите од Светската банка. Овие системи за заштитни мерки се воспоставени за да се очекуваат и да се избегнуваат негативните последици од интервенциите и може да се користат како основа за заштитна мерка за РЗП соодветна на локалниот контекст.

Упатства за критериумите

34

Упатство за користење на Глобалниот стандард на IUCN за решенија засновани врз природата – Прво издание

Критериум 7: Со РЗП се управува на приспособлив начин, врз основа на докази

Овој критериум е цврсто поврзан со показателите 2.3 и 3.3.

РЗП ги користат услугите на екосистемите, кои се сложени, динамични и самоорганизирани системи.

Екосистемите може да одговорат на интервенциите на РЗП на посакуваниот начин. Но интервенциите може да предизвикаат и несакани, непредвидени и ненамерни последици. Токму затоа, РЗП претставуваат обиди да се влијае врз екосистемите со цел нивна промена на начин на којшто тие ќе ги исполнат општествените потреби на долг рок и не може да се сметаат за интервенции што можат целосно да го предвидат исходот во апсолутна смисла на решавање проблеми.

Како резултат, РЗП треба да се засноваат врз теоријата на промената, која е тестирана и приспособена врз основа на докази. Теоријата на промената треба да ги препознае својствата за самоорганизирање на екосистемите и треба да се заснова врз проценката на процесите и функциите, поради тоа што тие се однесуваат и се поврзани со општествените предизвици. Во теоријата на промената мора јасно да се наведат клучните претпоставки во однос на ризикот од систематски неуспех и да се тестираат во однос на доказите или преку експериментирање. Исто така, во теоријата на промената треба да се идентификуваат и позитивните услови за РЗП.

Според тоа, приспособливото управување треба да се вметне во процесот на спроведување на РЗП. Приспособливото управување се дефинира како „структуриран, повторлив процес на... носење одлуки во пресрет на несигурноста, со цел постепено намалување на таквата несигурност“. Исто така, во одговор на таквиот управувачки пристап, континуираното учење за процесите што се случуваат во рамките на системот и приспособувањето на РЗП во согласност со системските промени е нешто што е потребно од страна на сите вклучени засегнати страни.

Тука исто така може да се вклучат и согледувањата на долгорочните влијанија врз одржливоста на непосредната средина на РЗП, промените што може да бидат поттикнати во околните и низводните копнени/

приморски предели и влијанијата што би можеле да настанат во поголем размер и, со текот на времето, и во географскиот простор.

Од друга страна, несаканите влијанија врз околните, низводните копнени/приморски предели и системите од поголем обем може да се надвор од контролата на засегнатите страни. Сето ова ја истакнува потребата за приспособливо управување, флексибилност и повторливо учење при спроведувањето на РЗП.

Поддржувањето на таквите пристапи кон учењето и управувањето би било признавање на интеракциите помеѓу општествените и еколошките компоненти на целокупниот систем во рамките на даден копнен предел/приморски предел, како и интеракциите што се случуваат во рамките на различни нивоа на општествено и еколошко ниво. Овој успех во голема мера зависи од Критериумот 5 и од инклузивното, транспарентно и зајакнувачко владеење.

Приспособливото управување исто така може да придонесе за мерење на количината на јаглерод во почвата, вегетацијата и неговата перманентност со текот на времето, како и промените во составот на биодиверзитетот.

К-7.1 Стратегијата за РЗП е утврдена и се користи како основа за

редовно следење и евалуација на интервенцијата

Во едно РЗП, теоријата на промената не е статична;

таа е динамична и ја зема предвид несигурноста на биоекономските системи и променливите услови.

Претпоставките и овозможувачките фактори идентификувани во теоријата на промената мора редовно да се разгледуваат во однос на воспоставените основни параметри. Останатите релевантни и нови општествени, економски и еколошки докази коишто би можеле да го подобрат влијанието на РЗП, како и да ги намалат ризиците од негативните непосакувани исходи, треба исто така да се разгледаат заедно со основните параметри.

Упатство за користење на Глобалниот стандард на IUCN за решенија засновани врз природата – Прво издание

35

Составувањето план за мониторинг и евалуација исто така ќе овозможи систематско ревидирање на интервенцијата на РЗП наспроти основните параметри и останатите нови докази.

К-7.2 Планот за следење и евалуација е изготвен и се спроведува во текот на животниот циклус на интервенцијата

Планот за мониторинг и евалуација (МиЕ), по можност партиципативен план за МиЕ, којшто во верификацијата на резултатите и учењето ги вклучува засегнатите страни, ќе овозможи интервенцијата на РЗП да е на пат за имплементација и реализација и ќе помогне во управувањето со позитивните и негативните долгорочни влијанија. Иако понекогаш може да се перципира како административно оптоварување, тоа е моќен пристап кон разбирање на тоа дали дадената интервенција на РЗП ефективно ги решава општествените предизвици.

Со цел да се обезбеди согледувањата за мониторингот да не се компромитираат поради мерките за намалување на трошоците, сите планови за мониторинг треба да се изготват пред имплементацијата. Онаму каде што е потребно, можно е МиЕ да треба да бидат независни и спроведени од трета страна. Во случај на самоверификација или верификација од втора страна, особено се препорачува да се спроведе надворешна ревизија или евалуација на иницијативата, во идеални услови на средината и на крајот.

Кога се правилно спроведени, МиЕ може да помогнат во проценката на промените во текот на интервенцијата, но исто така и да се детектираат непосредните и краткорочните влијанија врз природата и животите на луѓето. На тој начин ќе се поддржат интервенциите на РЗП, притоа одржувајќи соодветно ниво на отчетност и усогласеност со барањата.

Таквиот план за МиЕ е исто така важен при утврдувањето на активностите во рамките на променливи услови опишани во Показателот 7.1 и при управување со резултантните отстапувања. Ваквите активности ќе служат како дејства на приспособливо управување што треба да се преземат од страна на заедницата на заинтересирани страни. Дејствата мора да бидат развиени и спроведени

на инклузивен и партиципативен начин, почитувајќи ги барањата на Критериумот 5. Информациите за процесите за идентификување на активностите, како и нивното спроведување, мора да бидат достапни за инспекција, со соодветни атрибути, притоа почитувајќи ги приватноста и безбедноста на информаторите. Во рамки на МиЕ треба да бидат отсликани и соодветните еколошки и општествени обеми, поради тоа што РЗП може да има свое влијание во рамки на повеќе различни обеми и активностите може да налагаат ангажирање во рамки на обеми различни од оригиналното РЗП. Без таков приспособлив пристап, активностите може да останат на ниво на маргинални влијанија или воопшто да немаат никакво влијание.

К-7.3 Рамката за итеративно учење која овозможува приспособливо управување се применува во текот на целиот животен циклус на интервенцијата

Учењето е процес на развивање на разбирање засновано врз докази, а адаптацијата претставува приспособување на управувањето во согласност со новите информации. Учењето засновано врз докази треба да е главен двигател на управувањето со РЗП.

Исто така, повторливиот процес учење-примена-учење е од суштинска важност во обликувањето на дејствата на приспособливо управување со цел да се одговори на факторите што влијаат врз интервенциите на РЗП. За овој Критериум, показателите 7.1 и 7.2 даваат континуирано повратно мислење со цел учење и приспособување на интервенциите на РЗП.

Таквиот процес на давање повратна информација може да се вметне како дел од планот за мониторинг и евалуација на интервенцијата, овозможувајќи конзистентна временска рамка за повторна анализа.

Дополнителните докази, добиени од традиционални извори и од научното знаење, може исто така да се внесат во процесот на повторливо учење. Ова е особено важно имајќи го предвид влијанието на климатските промени со коешто се соочуваат екосистемите. Во идеални услови, повторливото учење е институционализирано, со цел да продолжи дури и по завршувањето на интервенцијата на РЗП.

Упатства за критериумите

36

Упатство за користење на Глобалниот стандард на IUCN за решенија засновани врз природата – Прво издание

Критериум 8: РЗП се одржливи и интегрирани во рамките на контекст на соодветна надлежност

Со оглед на тоа што РЗП е релативно нов концепт во подем, информациите за РЗП мора слободно и отворено да циркулираат, со цел да се зголеми потребата и побарувачката за РЗП. На тој начин на луѓето им се овозможува да ги екстрахираат научените лекции за да утврдат дали и како треба да се приспособат процесите за РЗП. Откако добро ќе се разбере, треба да постои можност за сразмерно зголемување и/или реплицирање на поединечното РЗП. И сразмерното зголемување и реплицирањето ќе додадат докази за пристапот на РЗП и негово разбирање, со што дополнително ќе се олесни дизајнирањето на уште поделотворно, пристапно и одржливо РЗП.

РЗП се дизајнирани и управувани со цел да бидат комплементарни кон институционалните структури, политики, планови, закони, прописи и слични интервенции (видете го делот Дизајн приспособлив на обем – Критериум 2 и Критериум 7 – Приспособливо управување). Меѓутоа, додека дадената интервенција на РЗП може да биде временски ограничена (на пример, онаму каде што конкретните активности, како што е садење на мангрови дрвја, се ограничени на времетраење од пет години), РЗП генерално, вклучувајќи ги и резултантната рамка и влијание, продолжува да функционира и надвор од ваквите граници. Целта на овој критериум е РЗП да го овозможат своето сопствено интегрирање со цел решенијата да може да опстојат со текот на времето.

При поддржувањето на прифаќањето и сразмерното димензионирање на РЗП во рамките на времето и надвор од временските граници на дадената интервенција, практичарите што работат во областа на РЗП треба да се погрижат РЗП да имаат долгорочна траекторија што опфаќа неколку децении. Постојат разновидни пристапи кон интегрирање на РЗП, но сите се потпираат врз стратегиски комуникации и информирањето. Публиката што треба да се земе предвид се состои од поединци (јавност, научници),

институции (национални влади, стартап компании, невладини организации) и глобални мрежи (Цели за одржлив развој, Договорот од Париз).

К-8.1 Дизајнот на РЗП,

спроведувањето и научените лекции се споделуваат за да се поттикне трансформативна промена

За еден пристап на РЗП да биде сразмерно зголемен (интегриран), сразмерно проширен (проширен во географски, секторски или целни пропорции) или реплициран, важно е процесите на дизјнирање и спроведување, заедно со научените лекции, да им бидат достапни и пристапни на релевантните поединци или, пак, на барање на која било засегната страна што е директно опфатена или која има особен интерес за реплицирање на процесот.

Публиката за оваа комуникација вклучува поединци, како што се носителите на одлуки во секторите каде што РЗП може да бидат решенија, инвеститори, корисници на РЗП од јавниот и од приватниот сектор и пошироката јавност. Примерите вклучуваат брошури за научените лекции, известувања за печат за склучените партнерства, обука за капацитети за дизајнирање или спроведување, известувања за политики и лобирање. Во лекциите мора да бидат вклучени и позитивните и негативните (вклучувајќи ги и неочекуваните) последици и можните начини за нивно надминување во иднина.

За ваквата комуникација да биде широко достапна, мора да се земат предвид оние категории кои би можеле да се соочат со бариери во однос на технологијата, културата или социоекономското потекло. Практичарите што работат во областа на РЗП треба да размислат дали би било соодветно резултатите да ги објават на издавачки софтвер со отворен пристап. Исто така, треба да се земе предвид и видливоста и зголемувањето на свесноста на самата локација, како, на пример, со помош на билборди и знаци.

Упатство за користење на Глобалниот стандард на IUCN за решенија засновани врз природата – Прво издание

Како се користи Стандардот

38

Упатство за користење на Глобалниот стандард на IUCN за решенија засновани врз природата – Прво издание

5. Како се користи Стандардот

Стандардот е составен за да се користи при дизајнирањето, сразмерното зголемување и верификацијата како едноставна, но сепак робусна и практична алатка со која се зајакнуваат најдобрите практики, решавајќи и коригирајќи ги недостатоците и овозможувајќи интервенциите да се усогласат со меѓународно прифатените начела за РЗП (WCC-2016-Res-069). Корисниците можат да го применуваат Стандардот за тековни и предложени интервенции, користејќи ја алатката за самооценување која е замислена да се користи заедно со постојните алатки за проектно управување и со техничките пристапи.

Показателите, нивните упатства и скалите за оценување може лесно да се усогласат со постојните известувачки и оперативни системи за управување, со цел дополнителната потребна работа да се сведе на минимум.

Во првичната фаза на примена на Стандардот за РЗП, развиена е алатка за самооценување (што може да се преземе овде), со цел корисниците на Стандардот да можат да го пресметаат процентуалниот удел на нивната интервенција во споредба со осумте критериуми и да утврдат дали нивната интервенција е во согласност со Глобалниот стандард на IUCN за РЗП. Документот за самооценување, во форма на табела во Ексел, на корисниците им овозможува да го утврдат степенот до којшто нивната интервенција е во согласност со поединечните Показатели: „многу“, „соодветно“, „делумно“ или

„недоволно“. Корисниците исто така имаат на располагање т.н. систем на светлосна сигнализација за секој критериум, што им овозможува да ги утврдат областите во кои е потребно подобрување и целокупно совпаѓање со цел да дефинираат дали дадената интервенција е во согласност со Глобалниот стандард на IUCN за РЗП.

За секој показател се евидентира еден резултат од четири, во зависност од тоа дали показателот за интервенцијата е на ниво на „многу“, „соодветно“,

„делумно“ или „недоволно“. Резултатот се користи за пресметка на нивото на усогласеност со секој поединечен критериум, при што исто така се добива резултат „многу“, „соодветно“, „делумно“ и

„недоволно“ за резултати повисоки од 75, помеѓу 50 и 75, помеѓу 25 и 50 и пониски од 25 проценти (Табела 1). Ваквите резултати за показателите потоа се нормализираат, со цел секој критериум за да има еднаква тежина. По нормализацијата, резултативе за критериумите се комбинираат со цел да се добие целокупно процентуално совпаѓање. Без оглед на целокупното процентуално совпаѓање, доколку резултатот за дадена интервенција е оценет со

„недоволно“ при споредбата со кој било критериум, тогаш не е во согласност со Глобалниот стандард на IUCN за РЗП. Процентуалното совпаѓање потоа може да се користи за да се опише дали даденото придржување е со ранг „многу“, „соодветно“ или

„делумно“.

Табела 1: Резултати од листот за самооценување.

Легенда (%) Резултат

≥75 Многу

Интервенцијата е во согласност со Глобалниот стандард на IUCN за РЗП.

≥50 & <75 Соодветно

≥25 & <50 Делумно

<25 Недоволно Интервенцијата не е во согласност со Глобалниот стандард на IUCN за РЗП.

Упатство за користење на Глобалниот стандард на IUCN за решенија засновани врз природата – Прво издание

39 Додека со Стандардот се проценува дали дизајнот

за дадена интервенција е во согласност со квалификациските барањата на РЗП, неговото

спроведување наложува други оперативни стандарди, алатки и пристапи. На пример, доколку постои потреба да се управува со дадена вододелница со цел намалување на ризиците од поплава, би биле потребни алатки како што се

насоките за интегрирано управување со водните ресурси заради операционализација на РЗП, само доколку е тоа дизајнирано во согласност со осумте

критериуми (Слика 7). Во таа смисла, Глобалниот стандард на IUCN за РЗП повеќе служи како дополнување, а не како замена за другите стандарди.

5.1 Како се врши самооценување

Самооценувањето во однос на Стандардот за РЗП треба да се изведува во различни фази на проектниот циклус, со цел да се помогне во идентификацијата на неочекуваните исходи, слабости и силни страни за тие да се подобрат или да се ублажат. Според тоа, кон самооценувањето не треба да се гледа како кон донесување суд за дадениот проект за РЗП.

Поточно, целта е да се обезбеди постигнување

на предвидените општествени предизвици, без притоа да се компромитира природата и обратно. При самооценувањето се користи систем на семафор за да се наведе статусот на различните наведени Показатели, каде што зеленото светло укажува на тоа дека дадениот Показател е целосно исполнет, портокаловото дека има делумно исполнување, а црвеното дека Показателот воопшто не е исполнет.

Слика 7: Како да се користи Стандардот и на кој начин е поврзан со самооценувањето (© IUCN)

Како се користи Стандардот

40

Упатство за користење на Глобалниот стандард на IUCN за решенија засновани врз природата – Прво издание Самооценувањето треба да се спроведе на

следниот начин:

• Разгледајте ги показателите, упатствата и примерите дадени во Дел II и размислете околу предложените мерки за верификација;

• Идентификувајте ги средствата за верификација што се најсоодветни за да се докаже до кој степен вашето РЗП го исполнува соодветниот показател, користејќи ја скалата со степени

„многу“, „соодветно“, „делумно“ и „недоволно“

дадена во алатката за самооценување;

• Опишете на кој начин и до колкав степен вашето РЗП ги исполнува барањата на показателот во полињата дадени во алатката за самооценување;

• Приложете линкови до средствата за верификација што сте ги користеле (доколку се достапни на интернет) или прикачете ги на вашето самооценување со цел да ги поддржите вашите наоди;

• Проверете го листот со резултатите во облик на семафор, целокупното процентуално совпаѓање и тоа дали интервенцијата е во согласност со Глобалниот стандард на IUCN за РЗП;

• Споделете, составете извештај и дискутирајте околу наодите потребни за подобрување или за спроведување на решенијата;

• Бидете флексибилни и повторете го процесот во согласност со потребното во случај на промена на некои аспекти.

Деловите I и II од Стандардот подоцна ќе бидат дополнети со корисничко упатство (Дел III) и пристапи и алатки за споделување на платформи.

Во меѓувреме, корисниците на Стандардот може да се придружат на глобалната заедница на практичари, каде што може да добијат помош и одговор на најчесто поставуваните прашања.

Вашите прашања исто така може да се испратат до Групата за РЗП во IUCN на [email protected].

Упатство за користење на Глобалниот стандард на IUCN за решенија засновани врз природата – Прво издание

Поимник на IUCN https://www.iucn.org/sites/

Поимник на дефиниции

Упатство за користење на Глобалниот стандард на IUCN за решенија засновани врз природата – Прво издание

Поимник на дефиниции

Поимник на IUCN https://www.iucn.org/sites/

Polis et al., 1997 https://www.annualreviews.

org/doi/pdf/10.1146/annurev.

Поимник на IUCN https://www.iucn.org/sites/

dev/files/iucn-glossary-of-definitions_en.pdf

Упатство за користење на Глобалниот стандард на IUCN за решенија засновани врз природата – Прво издание

Поимник на дефиниции

Упатство за користење на Глобалниот стандард на IUCN за решенија засновани врз природата – Прво издание 2005) & (Maginnis et al., 2014)

Поимник на IUCN https://www.iucn.org/sites/

Поимник на дефиниции

Упатство за користење на Глобалниот стандард на IUCN за решенија засновани врз природата – Прво издание

Поимник на IUCN https://www.iucn.org/sites/

Поимник на дефиниции

Sayer et al., 2013. https://www.pnas.org/

content/110/21/8349

Rudnick et al., 2012 https://www.fs.fed.us/rm/

pubs_other/rmrs_2012_

rudnick_d001.pdf

Упатство за користење на Глобалниот стандард на IUCN за решенија засновани врз природата – Прво издание контролирани (McDonald et al. 2016).

Меѓународни

Поимник на дефиниции

распространување Поимник на IUCN https://www.iucn.org/sites/

Упатство за користење на Глобалниот стандард на IUCN за решенија засновани врз природата – Прво издание

Поимник на дефиниции

Упатство за користење на Глобалниот стандард на IUCN за решенија засновани врз природата – Прво издание

првичниот екосистем. Поимник на IUCN https://www.iucn.org/sites/

Поимник на дефиниции

Упатство за користење на Глобалниот стандард на IUCN за решенија засновани врз природата – Прво издание

Поимник на дефиниции

Упатство за користење на Глобалниот стандард на IUCN за решенија засновани врз природата – Прво издание

59

Термин Дефиниција Извор Врска (линк)

Унапредување (зголемување на вредност)

Терминот „унапредување/зголемување на вредноста“ денес се користи на различни начини.

Во некои дискусии широко се однесува на „да се направи повеќе“, како на пример во „подобрување на третманот на ХИВ/СИДА“. ExpandNet го дефинира овој термин поконкретно како: намерни напори за зголемување на влијанието од успешно тестираните иновации во здравството за да се обезбедат придобивки за повеќе луѓе и за да се промовира развој на програми и политики врз долготрајна основа. „Иновации“ се однесува на компоненти за услуги, други практики или производи што се нови или се перципираат како нови. Иновациите обично се состојат од „пакет интервенции“, вклучувајќи ја не само новата технологија, клиничката практика, образовната компонента или иницијативата на заедницата, туку и раководните процеси потребни за успешно спроведување. Со „успешно тестирано“ се истакнува дека интервенциите што се прошируваат треба да бидат поддржани од локално создадени докази за ефективност на програмата и изводливост, коишто се добиени преку пилот, демонстративни или експериментални проекти или преку првично воведување во ограничен број локални места. Со

„намерни напори“, унапредувањето се одбележува како насочуван процес, во контраст со спонтаната дифузија на иновации. Со „развој на програми и политики врз долготрајна основа“ се истакнува значењето на институционалното градење на капацитет и одржливоста.

СЗО

http://www.who.int/

immunization/hpv/deliver/

nine_steps_for_developing_a_

scalingup_strategy_who_2010.

pdf

Достапност на вода

„Капацитет на населението да го заштити одржливиот пристап до соодветни количества прифатлив квалитет на вода за одржливо живеење, човекова благосостојба и социоекономски развој, со цел осигурување заштита од загадување на водата и катастрофи поврзани со водата и заради зачувување на екосистемите во клима на мир и политичка стабилност“. Ова е дефиницијата што ја предлага Програмата за вода на ОН за да служи како појдовна точка за дијалог во системот на ОН.

UN Water (Програма за вода на ОН

http://www.unwater.org/

publications/water-security-infographic/

Вододелница

Област на земја која обезбедува вода за река и која минува низ пределот во притоките и каналите на главната река. Се нарекува и зафат, одводен слив или речен слив.

Поимник на IUCN https://www.iucn.org/sites/

dev/files/iucn-glossary-of-definitions_en.pdf

Користена литература

60

Упатство за користење на Глобалниот стандард на IUCN за решенија засновани врз природата – Прво издание

Користена литература

CBD (Convention on Biological Diversity) (2004).

The Ecosystem Approach (CBD Guidelines).

Montreal: Secretariat of the Convention on Biological Diversity. 50 pp.

Cohen-Shacham, E., Walters, G., Janzen, C. and Maginnis, S. (2016). Nature-Based Solutions to Address Societal Challenges. Gland, Switzerland:

International Union for Conservation of Nature. 10.2305/IUCN.CH.2016.13.en Cohen-Shacham, E., Andrade, A., Dalton, J.,

Dudley, N., Jones, M., Kumar, C., Maginnis, S., Maynard, S., Nelson, C., Renaud, F., Welling, R. and Walters, G. (2019). Core principles for successfully implementing and upscaling Nature-based Solutions. Environmental Science and Policy 98: 20–29. https://doi.org/10.1016/j.

envsci.2019.04.014

de Coninck, H., Revi, A., Babiker, M., Bertoldi, P., Buckeridge, M., Cartwright, A., Dong, W., Ford, J., Fuss, S., Hourcade, J.-C., Ley, D., Mechler, R., Newman, P., Revokatova, A., Schultz, S., Steg, L. and Sugiyama, T. (2018). Strengthening and Implementing the Global Response. In: Global Warming of 1.5°C. An IPCC Special Report on the impacts of global warming of 1.5°C above pre-industrial levels and related global greenhouse gas emission pathways, in the context of strengthening the global response to the threat of climate change, sustainable development, and efforts to eradicate poverty. IPCC. https://www.

ipcc.ch/report/sr15/chapter-4-strengthening-and-implementing-the-global-response/

Holling, C.S (1973). Resilience and stability of ecological systems. Annual Review of Ecology and Systematics 4: 1–23. https://doi.

org/10.1146/annurev.es.04.110173.000245 Holling, C.S. (ed.) (1978). Adaptive Environmental

Assessment and Management. London: John Wiley and Sons. 377 pp.

Holling, C.S. (1986). The resilience of terrestrial ecosystems: local surprise and global change.

In: W.C. Clark and R.E. Munn (eds.), Sustainable Development of the Biosphere, (Chap. 10: 292–

317). Cambridge, U.K.: Cambridge University Press.

IPBES (Intergovernmental Science-Policy Platform on Biodiversity and Ecosystem Services) (2019a). Global assessment report on biodiversity and ecosystem services of the Intergovernmental Science- Policy Platform on Biodiversity and Ecosystem Services. E.S.

Brondizio, J. Settele, S. Díaz and H.T. Ngo (eds.). Bonn, Germany: IPBES Secretariat.

https://ipbes.net/global-assessment

IPBES (Intergovernmental Science- Policy Platform on Biodiversity and Ecosystem Services) (2019b). Summary for policymakers of the global assessment report on biodiversity and ecosystem services of the Intergovernmental Science-Policy Platform on Biodiversity and Ecosystem Services. S. Díaz, J. Settele, E.S.

Brondízio, H.T. Ngo, M. Guèze, J. Agard, A.

Arneth, P. Balvanera, K.A. Brauman, S.H.M.

Butchart, K.M.A. Chan, L.A. Garibaldi, K. Ichii, J. Liu, S.M. Subramanian, G.F. Midgley, P.

Miloslavich, Z. Molnár, D. Obura, A. Pfaff, S.

Polasky, A. Purvis, J. Razzaque, B. Reyers,

Упатство за користење на Глобалниот стандард на IUCN за решенија засновани врз природата – Прво издание

61 R. Roy Chowdhury, Y.J. Shin, I.J.

Visseren-Hamakers, K.J. Willis and C.N. Zayas (eds.).

Bonn, Germany: IPBES Secretariat. 56 pp.

https://ipbes.net/news/global-assessment- summary-policymakers-final-version-now-available

IPCC (Intergovernmental Panel on Climate Change) (2018). Global Warming of 1.5°C. An IPCC Special Report on the impacts of global warming of 1.5°C above pre-industrial levels and related global greenhouse gas emission pathways, in the context of strengthening the global response to the threat of climate change, sustainable development, and efforts to eradicate poverty. IPCC. https://www.ipcc.ch/sr15/

IPCC (Intergovernmental Panel on Climate Change) (2019). IPCC Special Report on Climate Change, Desertification, Land Degradation, Sustainable Land Management, Food Security, and Greenhouse Gas Fluxes in Terrestrial Ecosystems. Summary for Policymakers. IPCC.

https://www.ipcc.ch/srccl/

IUCN (International Union for Conservation of Nature) (2016). Resolution 69 on Defining Nature-based Solutions (WCC-2016-Res-069).

IUCN Resolutions, Recommendations and Other Decisions 6–10 September 2016. World Conservation Congress Honolulu, Hawai‘i, USA. https://portals.iucn.org/library/sites/

library/files/resrecfiles/WCC_2016_RES_069_

EN.pdf

OECD (Organisation for Economic Co-operation and Development) (2020). http://www.oecd.

org/dac/financing-sustainable-development/

blendedfinance-principles/ accessed: 11 May 2020.

PwC and WWF (World Wide Fund for Nature) (2020). Nature is too big to fail – Biodiversity:

the next frontier in financial risk management.

Switzerland: PwC and WWF. http://www.pwc.

ch/wwf-report

Rockström, J., Steffen, W., Noone, K. et al. (2009). A safe operating space for humanity. Nature 461: 472-475. https://doi.

org/10.1038/461472a

Rogers, K.H., Luton, R., Biggs, H., Biggs, R., Blignaut, S., Choles, C.G., Palmer, A.G. and Tangwe, P. (2013). Fostering complexity thinking in action research for change in social–ecological systems. Ecology and Society 18(2): 31, 10.5751/ES-05330-180231

Sharp, R., Tallis, H.T., Ricketts, T., Guerry, A.D., Wood, S.A., Chaplin-Kramer, R., Nelson, E., Ennaanay, D., Wolny, S., Olwero, N., Vigerstol, K., Pennington, D., Mendoza, G., Aukema, J., Foster, J., Forrest, J., Cameron, D., Arkema, K., Lonsdorf, E., Kennedy, C., Verutes, G., Kim, C.K., Guannel, G., Papenfus, M., Toft, J., Marsik, M., Bernhardt, J., Griffin, R., Glowinski, K., Chaumont, N., Perelman, A., Lacayo, M.

Mandle, L., Hamel, P., Vogl, A.L., Rogers, L., Bierbower, W., Denu, D. and Douglass, J.

(2020). InVEST User Guide. The Natural Capital Project, Stanford University, University of Minnesota, The Nature Conservancy, and World Wildlife Fund.

Smith, R.D. and Maltby, E. (2003). Using the Ecosystem Approach to implement the Convention on Biological Diversity: Key issues and Case Studies. Gland, Switzerland and Cambridge, UK: IUCN. https://doi.org/10.2305/

IUCN.CH.2003.CEM.2.en

Steffen, W., Richardson, K., Rockstrom, J., Cornell, S.E., Fetzer, I., Bennett, E.M., Biggs, R., Carpenter, S.R., de Vries, W. and de Wit, C.A.

(2015). Planetary boundaries: guiding human development on a changing planet. Science.

https://doi.org/10.1126/science.1259855

Користена литература

62

Упатство за користење на Глобалниот стандард на IUCN за решенија засновани врз природата – Прво издание

Waltner-Toews, D. and Kay, J. (2005). The evolution of an ecosystem approach:

the diamond schematic and an adaptive methodology for ecosystem sustainability and health. Ecology and Society 10(1): 38. https://

doi.org/10.5751/ES-01214-100138

МЕЃУНАРОДНА УНИЈА ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА

СЕДИШТЕ ул. Моверни 28 1196 Глан, Швајцарија Tel +41 22 999 0000 Fax +41 22 999 0002 [email protected] www.iucn.org