• 沒有找到結果。

Глобален стандард за решенија засновани врз природата : Прво издание

N/A
N/A
Protected

Academic year: 2022

Share "Глобален стандард за решенија засновани врз природата : Прво издание"

Copied!
30
0
0

加載中.... (立即查看全文)

全文

(1)

МЕЃУНАРОДНА УНИЈА ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА

Рамка, приспособена на корисниците, за верификација, дизајнирање и сразмерно зголемување на решенијата засновани врз природата

Прво издание

Глобален стандард на IUCN за решенија

засновани врз природата

(2)

За IUCN

IUCN е унија од членки уникатно составена и од владини и од граѓански организации. На јавните, на приватните и на невладините организации им нуди знаење и алатки со цел да се овозможи да се случат истовремено напредокот на луѓето, економскиот напредок и заштитата на природата.

IUCN е основана во 1948 година и денес е една од најголемите и најразновидните еколошки мрежи во која се спојуваат знаењето, ресурсите и опфатот на повеќе од 1 400 членски организации и околу 15 000 експерти. Унијата претставува водечки давател на податоци во областа на заштитата, проценката и анализата. Благодарение на широкото членство, IUCN има улога на инкубатор и доверлива база на најдобри практики, алатки и меѓународни стандарди.

IUCN обезбедува неутрален простор во чиишто рамки различните заинтересирани страни, вклучувајќи ги и владите, НВО, научниците, бизнисите, локалните заедници, здруженијата на домородните

народи и останатите може да соработуваат со цел изнаоѓање и спроведување решенија во однос на предизвиците од животната средина и заради постигнување одржлив развој.

При соработката со многубројните партнери и поддржувачи, IUCN на светско ниво спроведува голем број разновидни проекти за заштита. Со комбинирање на најновите научни сознанија и традиционалното знаење на локалните заедници, целта на овие проекти е да се запре загубата на живеалиштата, да се обноват екосистемите, како и да се подобри човековата благосостојба.

www.iucn.org

https://twitter.com/IUCN/

(3)

Рамка, приспособена на корисниците, за верификација, дизајнирање и сразмерно зголемување на решенијата засновани врз природата

Прво издание

Глобален стандард на IUCN за решенија

засновани врз природата

(4)

Означувањето на географските субјекти во оваа книга и презентацијата на материјалите не подразбираат изразување на какво било мислење од страна на IUCN или на останатите организации учеснички во однос на правниот статус на дадена земја, територија или област или нивните власти, ниту, пак, во однос на утврдувањето на нивните граници.

Ставовите изразени во оваа публикација не ги отсликуваат ставовите на IUCN или на останатите организации учеснички.

IUCN има задоволство да ја признае поддршката од своите рамковни партнери кои ги обезбедија основните финансиски средства: Министерството за надворешни работи на Финска; Владата на Франција и Француската агенција за развој (AFD); Министерството за животна средина, Република Кореја; Норвешката агенција за соработка и развој (Норад); Шведската агенција за меѓународна соработка и развој (СИДА); Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) и Стејт департментот на САД.

IUCN не презема одговорност за грешки или пропусти во овој превод или отстапувања од верзијата на оригиналниот јазик на публикацијата. Во случај на разлики, погледнете во оригиналната публикација. Наслов на оригиналната публикација: IUCN (2020). Global Standard for Nature-based Solutions. A user-friendly framework for the verification, design and scaling up of NbS. First edition. Објавено од: IUCN, Глан, Швајцарија. DOI: https://doi.org/10.2305/IUCN.CH.2020.08.en Прилог кон овој Глобален стандард за решенија засновани врз природата е Упатството за користење на Глобалниот стандард за решенија засновани врз природата (https://doi.org/10.2305/IUCN.CH.2020.09.mk), во коешто е претставена научната основа и упатствата за корисниците.

Изработката на оваа публикација делумно е реализирана и од средства од Групата на француската агенција за развој (AFD) (Agence Française de Développement (AFD) Group), преку партнерството меѓу Франција и IUCN за природа и развој.

Објавено од: IUCN, Глан, Швајцарија

Авторски права: © 2020 IUCN, Меѓународна унија за заштита на природата

© 2021 Регионална канцеларија на IUCN за источна Европа и централна Азија за преводот на македонски јазик

Дозволена е репродукција на публикацијата за образовни и други некомерцијални цели без претходна писмена согласност од носителот на авторските права, под услов целосно да се наведе изворот.

Забранета е репродукција на публикацијата за препродажба или други комерцијални цели без претходна писмена согласност од носителот на авторските права.

Цитирање: IUCN (2021). Глобален стандард за решенија засновани врз природата. Рамка за верификација, дизајнирање и сразмерно зголемување на решенија засновани врз природата приспособена на корисниците. Прво издание. Глан, Швајцарија: IUCN.

ISBN: 978-2-8317-2152-1 (PDF)

978-2-8317-2153-8 (print)

DOI: https://doi.org/10.2305/IUCN.CH.2020.08.mk Преведено од: Ида Блажевска

Илустрација на корицата: Дефинирање на решенија засновани врз природата © IUCN Дизајнирано од: Имре Себестјен (Imre Sebestyén jr)/ Unit Graphics

Испечатено од: GRAFIK CENTAR d.o.o.

Достапно од: IUCN, Меѓународна унија за заштита на природата Група за решенија засновани врз природата Улица „Моверни“ бр. 28 (Rue Mauverney 28) 1196 Глан, Швајцарија (1196 Gland, Switzerland)

[email protected]

www.iucn.org/resources/publications

Текстот на оваа книга е испечатен на хартија направена од влакна од дрво добиено од добро управувани шуми сертифицирани во согласност со правилата на Советот за одговорно управување со шумите (FSC).

(5)

Глобален стандард на IUCN за решенија засновани врз природата

iii

Содржина Историјат на документот

. . . .

v

Глобален стандард за решенија засновани врз природата

. . . .

1

Вовед

. . . .

1

Историјат

. . . .

1

Зошто ни е потребен Стандардот?

. . . .

2

Која е целта на Стандардот?

. . . .

2

Кој може да го користи Стандардот?

. . . .

3

Како изгледа Стандардот?

. . . .

3

Како може да се користи овој Стандард?

. . .

4

Осигурување робустен Глобален стандард за РЗП

. . . .

4

Критериум 1: РЗП ефективно ги решаваат општествените предизвици

. . . .

6

Општествени предизвици:

. . . .

7

Студија на случај: Идентификување општествен предизвик

. . . .

7

Критериум 2: Дизајнирањето на РЗП зависи од обемот

. . . .

8

Дизајн приспособлив на обем

. . . .

9

Студија на случај: Дизајнирање со приспособување на обемот – Спојување на РЗП со изградената инфраструктура за вода според сразмерни решенија

.

9 Критериум 3: РЗП резултираат во нето-добивка за биодиверзитетот и за интегритетот на екосистемот

. . . .

10

Нето-добивка за биодиверзитетот

. . . .

11

Студија на случај: Приказ на придобивките од биодиверзитетот: Опсежното приспособување со употреба на РЗП може да креира (повторно) живеалишта со биодиверзитет

. . . .

11

Критериум 4: РЗП се економски одржливи

. . . .

12

Економска одржливост

. . . .

13

(6)

Содржина

iv

Глобален стандард на IUCN за решенија засновани врз природата

Студија на случај: Управување со крајбрежен екосистем како РЗП за климатските кризи

. . . .

13

Критериум 5: РЗП се засноваат врз инклузивни, транспарентни и зајакнувачки процеси на управување

. . . .

14

Инклузивно управување

. . . .

15

Студија на случај: Колаборативно планирање и спроведување на урбанистичките РЗП во Синт Андрис

. . . .

15

Критериум 6: РЗП рамноправно ги балансира компромисните решенија меѓу постигнувањето на нивните основни цели и континуираното обезбедување повеќекратни придобивки

. . . .

16

Балансирање на компромисните решенија

. . . .

17

Студија на случај: Изнаоѓање недостатоци од кои се учи – достапност на храната и зачувување на рибите во Бангладеш

. . . .

17

Критериум 7: Со РЗП се управува на приспособлив начин, врз основа на докази

. . . .

18

Приспособливо управување

. . . .

19

Студија на случај: Шинианга

. . . .

19

Критериум 8: РЗП се одржливи и интегрирани во рамките на контекстот на соодветната надлежност

. . . .

20

Интегрирање и одржливост

. . . .

21

Студија на случај: Предизвикот Бон во Ел Салвадор

. . . .

21

(7)

Историјат на документот

Глобален стандард на IUCN за решенија засновани врз природата

v

Историјат на документот

Глобален стандард на IUCN за решенија засновани врз природата

Издание 1.0

Изворен јазик Англиски јазик. Достапни се официјални преводи.

Одговорна единица Глобална програма за управување со екосистеми; Комисија на IUCN за управување со екосистеми Изработено од Група на IUCN за решенија засновани врз природата; Комисија на IUCN за управување со екосистеми Предмет (таксономија) Решенија засновани врз природата; стандард; делотворност на управувањето; осигурување

Датум на одобрување Февруари 2020 година

Одобрено од Советот на IUCN

Цел Давање упатства и глобална рамка за дизајнирање, верификација и сразмерно зголемување на решенијата засновани врз природата.

Стандардот вклучува глобално усогласени критериуми и показатели, коишто се поддржани од Начелата за решенија засновани врз природата, со цел мерење на интензитетот на интервенциите.

Дел е од Групата за решенија засновани врз природата на IUCN

Во согласност е со Системот на IUCN за управување со животната средина и социјалните аспекти (ESMS) Кодексот за поставување стандарди за добра практика на ISEAL

Поврзани документи Основен документ за глобални стандарди за Глобалниот стандард за решенија засновани врз природата на IUCN Дистрибуција IUCN COMPASS; Портал на Унијата на IUCN и веб-страница на IUCN

Историјат на документот Моментално прво издание

Верзија Објавена на Резиме на измени и дополнувања

0.1 Октомври 2018 год. Споделен внатрешно со членовите, со комисиите и со секретаријатот на IUCN.

0.2 Декември 2018 год. Направени се измени во согласност со добиените повратни информации, а новата верзија беше презентирана на првата јавна консултација, која траеше еден месец.

0.3 Јануари 2019 год. Поголеми измени и дополнувања беа направени во согласност со надворешните повратни информации и новата верзија беше презентирана на втората јавна консултација, којашто траеше два месеци.

0.4 Февруари 2020 год. Измените беа направени во согласност со повратните информации од втората јавна консултација усвоена од страна на Советот на IUCN, којшто го одобри објавувањето на 98-та седница во светското седиште на IUCN во Глан, Швајцарија.

0.5 Март 2020 год. Направени се измени врз основа на ревизиите од надворешните експерти.

(8)
(9)

Глобален стандард на IUCN за решенија засновани врз природата

Глобален стандард на IUCN за решенија засновани врз природата

1

Глобален стандард на IUCN за решенија засновани врз природата

Вовед

Историјат

Во поголемиот дел од 20-от век, креаторите на одлуки периферно го третираа зачувувањето на природата во националните и во глобалните агенди. Во најдобар случај, ова се сметаше за легитимен интерес, а во најлош случај, се сметаше за пречка на развојот. Сепак, со растечкиот научен консензус се укажа дека таквите ставови се погрешно поставени и дека „природата е клучна за човековото постоење и за добриот квалитет на живеењето“6. Ако не се препознае овој факт, не само што како резултат ќе се добие модел на економски раст што значително придонесува кон загуба на биодиверзитетот, туку и ќе се испушти можноста за ефикасна употреба на природата во обезбедувањето помош за решавање на клучните општествени предизвици, како што се климатските промени, достапноста на храната и намалувањето на ризиците од катастрофи.

Одржливата употреба на природниот капитал, поточно на светските резерви на природни ресурси што ги вклучуваат геологијата, почвата, воздухот, водата и сите живи суштества, има важна улога во постигнувањето на Целите за одржлив развој на Обединетите нации. IUCN со децении спроведуваше иновативни иницијативи за зачувување, кои истовремено помогнаа во заштитата, управувањето и обновувањето на животната средина, притоа обезбедувајќи материјални и

одржливи придобивки за луѓето. Овој вид пристап сега е широко познат под Слика 1 „Решенијата засновани врз природата се дејствија за заштита, одржливо управување и обновување на природните и изменетите екосистеми на начин со коишто ефективно и на приспособлив начин се разрешуваат општествените предизвици за да се обезбедат и човековата благосостојба и придобивките за биодиверзитетот“ (IUCN, 2016)

(10)

Глобален стандард на IUCN за решенија засновани врз природата

2

Глобален стандард на IUCN за решенија засновани врз природата

називот Решенија засновани врз природата (Слика 1). Соодветно е документирано дека Решенијата засновани врз природата (РЗП), како што е заштитата на сливовите, може да создадат приход за локалните заедници, како и придобивки за општините што зависат од овие ресурси, во однос на нивното здравје и благосостојба. Од инвестирањето во обновувањето на деградираното земјиште и крајбрежните појаси до оптимизирањето на функционирањето на традиционалната инфраструктура, како што се браните и насипите, сега има непобитни докази што покажуваат дека природата има клучна улога во исполнувањето на нашите општествени потреби.

IUCN смета дека е клучно да се интегрира зачувувањето на природата во клучните економски сектори. Владите и бизнисите сѐ повеќе препознаваат дека РЗП не само што се корисни алатки, туку се и неопходни за решавање на дуалната глобална криза поврзана со загубата на биодиверзитетот и со климатските промени.

Со истражувањето се истакнува дека РЗП може да обезбедат околу 30 % од потребните економични намалувања до 2030 година за да се стабилизира затоплувањето до под 2 0С. Исто така, може да обезбедат моќна одбрана од влијанијата и од долготрајните опасности од климатските промени, што претставува најголема закана за биодиверзитетот. Со изнаоѓањето начини за работа со екосистемите, наместо само да се потпираме врз конвенционалните дизајнирани решенија, може да им се помогне на заедниците да се приспособат кон влијанијата од климатските промени. Употребата на природата за зелени градови може, исто така, да резултира во значителна заштеда на енергија и во здравствени придобивки.

Голем број земји веќе преземаат активности за да ги вклучат РЗП во своите национални климатски стратегии, поради што е важно да се осигури дека овие активности се креираат и се спроведуваат врз основа на најдобрите критериуми и достапни практики.

За да помогне во насочувањето на овие напори, IUCN ја формулираше првата глобална дефиниција за РЗП во 2016 година. Тие се „активности за заштита, одржливо користење, управување и обновување на природните или изменетите екосистеми, со кои се решаваат општествените предизвици на ефективен и приспособлив начин, со што се обезбедува човековата благосостојба и придобивките од биодиверзитетот“.

Основите за РЗП произлегуваат од утврдените практики, како што се обновувањето на шумските предели, интегрираното управување со водните ресурси, приспособувањето

и ублажувањето засновани врз екосистемите и намалувањето на ризиците од катастрофи врз основа на екосистемите, од кои неколку беа за првпат направени и промовирани од страна на IUCN на крајот на 1990-те и на почетокот на 2000 година. Оттогаш па натаму, владите, бизнисите, академската заедница и невладините чинители продолжија да ја прикажуваат нивната вредност.

Денес, широк опсег на чинители ги сметаат РЗП за клучен механизам за постигнување одржлив развој. Глобалниот стандард на IUCN за решенија засновани врз природата има за цел да обезбеди веродостојност во примената на овој пристап и следење и мерливост на неговото ширење за целите на приспособливото управување, за другите да може да се инспирираат од придонесите коишто произлегуваат од него. За понатамошната работа ќе бидат потребни научна дисциплина, академско истражување, добро управување и, пред сѐ, подготвеност на различните страни да помогнат во вклучувањето на Стандардот и преку тоа, да помогнат тој да прерасне во клучна алатка за зачувување и развој.

Зошто ни е потребен Стандардот?

Со воведувањето на РЗП во политиката и со неговото усвојување во проектите што се реализираат на терен, се има итна потреба од поголема јасност и прецизност за тоа што вклучува концептот и што е потребно за тој успешно да се примени.

Без ова, примената на РЗП може да резултира во неконзистентни и неосновани примени. Следствено на тоа, Стандардот обезбедува и систематска рамка за учење за да може лекциите да се подобрат и да се развијат примените, што ќе доведе до зголемување на довербата во РЗП кај носителите на одлуки. Слично, при отсуство на таков Стандард, РЗП може и понатаму да бидат општ концепт којшто само маргинално придонесува кон итните потреби од одржливост и нема да го оствари својот полн потенцијал. Следствено на ова, со Стандардот се обезбедува можност за креирање глобална заедница на корисници која помага во насочувањето на спроведувањето на терен, забрзувањето на развојот на политиките и креирање наука за зачувување на РЗП. Преку Стандардот, РЗП ќе се засноваат врз заедничко разбирање за толкувањето и врз заедничката визија за правичен и одржлив свет.

(11)

Глобален стандард на IUCN за решенија засновани врз природата

Глобален стандард на IUCN за решенија засновани врз природата

3 Која е целта на Стандардот?

Целта на Стандардот е да ги опреми корисниците со робусна рамка за дизајнирање и верификација на РЗП, со што се постигнуваат посакуваните резултати при решавањето еден или неколку општествени предизвици. Врз основа на повратните информации на постојните и потенцијалните корисници на РЗП, се изготви олеснувачки Стандард, со цел намерно да се избегне ригидното нормативно врамување со фиксни, конечни прагови за она што РЗП треба да го постигнат.

Наместо тоа, Стандардот е дизајниран да обезбеди поддршка за корисниците во однос на примената, учењето и континуираното јакнење и подобрување на ефективноста, одржливоста и приспособливоста на нивните интервенции со РЗП.

Исто така, служи како механизам за развој на конзистентен пристап за дизајнирање и верификација на конкретните исходи ориентирани кон решенијата. Со употребата на овој Стандард и со примената на вашите РЗП на систематски начин, се обезбедува дизајнот и квалитетот на извршувањето и резултатите може да се следат и да се поврзат со глобалните цели, како и со истражувачките наративи. За поединечните интервенции на терен, примената на Стандардот обезбедува опиплива додадена вредност. Прво, резултатите може да обезбедат кредибилитет на интервенцијата при разговорите со инвеститорите, донаторите и другите заинтересирани страни. Второ, употребата на Стандардот обезбедува поединечни интервенции со препораки за подобрување, при што резултатите се користат како начин за утврдување на празнините и решенијата. Трето, Стандардот може да се користи како средство за соработка и комуникација меѓу секторите, започнување нови разговори и обезбедување заедничка рамка и јазик за разговор за компромисни решенија.

Кој може да го користи Стандардот

IUCN предвидува дека владите, градските и локалните власти, урбанистите, бизнисите, донаторите, финансиските институции, вклучувајќи ги и банките за развој и непрофитните организации, може да бидат примарни корисници на Стандардот. Стандардот може да го користат заинтересираните страни што работат во различни средини, од заштитени подрачја и продуктивни предели до урбани области, како и во различни региони и во модифицирани или недопрени

екосистеми. Корисниците може да го применат Стандардот за интервенции и од помал и од поголем обем.

Како изгледа Стандардот?

Стандардот содржи 8 критериуми и 28 показатели (Слика 2). Критериум 1 се фокусира врз утврдувањето на општествениот предизвик на којшто одговор се РЗП.

Слика 2 Сите осум критериуми што го сочинуваат Глобалниот стандард на IUCN за РЗП се меѓусебно поврзани.

(12)

Глобален стандард на IUCN за решенија засновани врз природата

4

Глобален стандард на IUCN за решенија засновани врз природата

Иако во опфатот на општествените предизвици во моментов се вклучени климатските промени (приспособувањето и ублажувањето), намалувањето на ризикот од катастрофи, деградацијата на екосистемот и загубата на биодиверзитетот, достапноста на храната, здравјето на човекот, општествениот и економскиот развој и достапноста на водата, со оглед на тоа што РЗП се развиваат во однос на опфатот, во овој опфат може да се утврдат и другите специфични предизвици. Еден или два општествени предизвици може да бидат влезната точка, но овој приоритет е за да се искористи потенцијалот на РЗП за обезбедување повеќекратни придобивки, каде што со една интервенција се решаваат неколку предизвици.

Со Критериум 2 се насочува дизајнирањето на решението како одговор на обемот на прашањето. Обемот во овој контекст главно се однесува на географскиот обем по копно и по море, како и на економските, еколошките и општествените аспекти на копнените/приморските пејзажи. Целната област во која се разгледува општествениот предизвик е честопати дел од поголем систем, без разлика дали тој е еколошки, економски или социјален. Иако интервенциските активности може да се фокусираат на ниво на местото, во рамките на робусноста, применливоста и соодветноста на решението треба се земат предвид пошироките тековни системи.

Критериумите 3, 4 и 5 соодветствуваат на трите столбови за одржлив развој – еколошки одржливи, општествено правични и економски одржливи. За секој критериум е потребно да се разберат постојните ресурси и контекстот, во форма на основните параметри, и потребни се одржливи активности насочени кон иднината за да се спроведат силни РЗП.

Во Критериум 6 се разгледува балансирањето на компромисните решенија и изборите што треба да се направат за да се постигнат краткотрајни и долготрајни добивки и се разгледува начинот на којшто би се осигурило дека има транспарентен, рамноправен и инклузивен процес за утврдување на таквите компромисни решенија. Имајќи ја предвид динамичната природа на системите коишто влијаат врз решенијата (Критериум 2), важно е систематски да се управува со спроведувањето на РЗП во однос на утврдените основни параметри. РЗП ги искористуваат услугите на екосистемите, коишто се сложени, динамични и самоорганизирачки системи. Екосистемите може да одговорат на посакувани начини на интервенцијата со РЗП или интервенцијата може да креира ненамерни,

непредвидени и непосакувани последици. Следствено на ова, Критериум 7 одговара на потребата од приспособливо управување, со што се олеснува континуираното учење за процесите на ниво на целиот систем и приспособување на РЗП во согласност со системските промени.

Вистинскиот потенцијал на РЗП се остварува преку неговото долгорочно спроведување во обем. Ова би се овозможило преку вградување на концептот и активностите во политичките или регулаторните рамки, како и со поврзувањето со националните цели или меѓународните обврски, како што се промовира со Критериум 8.

Како може да се користи овој Стандард?

Овој Стандард е предвиден да биде едноставна, а сепак робусна практична алатка што овозможува пренесување на концептот за РЗП во таргетирани активности за спроведување, зајакнување на најдобрите практики, решавање и коригирање на недостатоците и овозможување интервенциите да се усогласат со меѓународно прифатените начела за РЗП (WCC-2016-Res-069). Стандардот може да се спроведе со употреба на постојните алатки за управување со проекти и со техничките пристапи.

Дополнително, со усогласувањето на показателите со постојните оперативни системи за управување и системите за известување се минимизира дополнителната работа која е потребна за да се спроведе веродостојна интервенција со РЗП (Слика 3). Покрај тоа, како алатка за самооценување, кон Глобалниот стандард за РЗП приспособен за корисниците (Дел I) има и прилог – детално упатство кое вклучува научни основни информации за РЗП и обезбедува широки насоки за Критериумите и показателите. Дел II го надополнува Стандардот и нуди прирачник за корисници во којшто се презентирани предложените средства за верификација и преглед на алатки и пристапи коишто може да се употребат за да се примени Стандардот.

За првичната фаза на воведување на Стандардот за РЗП, направена е алатка за самооценување за да им се овозможи на корисниците на Стандардот да ја пресметаат процентуалната усогласеност на нивната интервенција во однос на осумте критериуми и за да утврдат дали нивната интервенција е во согласност

(13)

Глобален стандард на IUCN за решенија засновани врз природата

Глобален стандард на IUCN за решенија засновани врз природата

5

со Глобалниот стандард на IUCN за РЗП. Алатката им овозможува на корисниците да го внесат, за секој показател, начинот на којшто е исполнет (силно, соодветно, слабо или недоволно), како и образложенијата, средствата за верификација и забелешките. Потоа алатката обезбедува преглед за секој показател и севкупно рангирање на степенот на усогласеност на интервенцијата со Стандардот, при што се користат показатели со светлосна сигнализација, каде што интервенцијата која добила „недоволно“ рангирање за кој било Критериум не е во согласност со Глобалниот стандард на IUCN за РЗП.

Осигурување силен Глобален стандард за РЗП

Предложено како верификација од прва страна, корисникот го применува Стандардот за да го оцени проектот/интервенцијата во однос на утврдените критериуми и показатели. Пристапот за самоверификација кон Стандардот е во

согласност со целта на IUCN да обезбеди олеснувачки стандард којшто ги поддржува корисниците од широкиот општествен спектар успешно да преминат кон добро дизајнирани, извршливи и трајни РЗП. Сепак, оваа олеснувачка цел не ја негира потребата од веродостојност и робусност при спроведувањето на Стандардот.

Следствено, потребни се авторитативна и признаена структура на управување, како и интензивен процес на примена со можности за повратни информации за учење за да се подобри Стандардот, како следни чекори во однос на неговото воведување. Севкупната структура за управување ќе се состои од четири главни компоненти:

Меѓународен комитет за Стандардот како главно тело кое е составено од раководство и претставници од другите три компоненти;

Научен комитет којшто е главно одговорен за научната дисциплина при примената на Стандардот и научната веродостојност на знаењето;

Група корисници кои може да го предводат учењето и повратните информации за развој на Стандардот преку научени лекции од неговата примена;

Центри за операционализација (регионални или национални) кои може да го поддржат приспособувањето на Стандардот кон контекстот и последователниот развој на решенијата што се релевантни за општеството, економијата и животната средина и коишто се трајни и корисни на подолг рок.

Ова ќе осигури дека има глобална одговорност во управувањето во однос на насочувањето на научно веродостојната и глобално релевантната примена на Стандардот во постигнувањето на амбицијата за РЗП. Преку таков механизам за одговорно управување, може да се постигне толкување на концептот за РЗП и примена на Стандардот во релевантниот контекст (како што е националниот), притоа со одржување конзистентност, квалитет и осигурување. Покрај тоа, групата корисници со широк опсег може да биде долгорочно вклучена бидејќи таа ќе биде клучна во однос на обезбедувањето повратни информации и на подобрувањето на Стандардот.

Слика 3 Управувањето со Стандардот преку Меѓународниот комитет за Стандардот © IUCN

(14)

Критериум 1: Со РЗП ефективно се решаваат општествените предизвици

6

Глобален стандард на IUCN за решенија засновани врз природата

Критериум 1: Со РЗП ефективно се решаваат општествените предизвици

Насоки:

Целта на овој критериум е да осигури дека РЗП се дизајнирани како одговор на општествениот предизвик/

општествените предизвици што се утврдени како приоритет од страна на оние кои се или ќе бидат директно засегнати од предизвикот/предизвиците.

Сите заинтересирани страни, а особено имателите на правата и корисниците на РЗП, мора да бидат вклучени во процесот на донесување одлуки што се користи за утврдување на приоритетниот предизвик/

приоритетните предизвици (Критериум 5).

Показатели

1.1 Се врши приоритизирање на најнеодложниот општествен предизвик/најнеодложните општествени предизвици за имателите на права и корисниците

Насока: Со интервенцијата со РЗП мора да се разрешат јасно утврдените предизвици коишто имаат значајни и очигледни влијанија врз општеството. Утврдувањето на најитните општествени предизвици најдобро се врши преку транспарентен и инклузивен процес на консултации (Критериум 5), бидејќи може да има различни мислења меѓу надворешните заинтересирани страни и локалното население и обратно.

1.2 Разгледаните општествени предизвици се јасно разбрани и документирани

Насока: Воспоставувањето јасно разбирање и образложение за предизвиците што треба да се разрешат и осигурувањето дека тие се документирани е важно за идната отчетност и оптимизацијата на тие стратегии за да се придонесе кон резултатите поврзани со човековата благосостојба (1.3). РЗП често обезбедуваат повеќекратни општествени придобивки, како што е создавање работни места или зголемен тек на екосистемски услуги, а треба да се документираат и општествените предизвици што се решаваат со овие дополнителни придобивки.

1.3 Утврдени се исходите за човекова благосостојба што произлегуваат од РЗП и за нив се определени споредбени критериуми и периодично се оценуваат

Насока: РЗП мора да обезбеди материјални и значајни придобивки за човековата благосостојба. Треба да се користат

специфични, мерливи, достижни, реалистични и навремени (Specific, measurable, attainable, realistic and timely – SMART) цели на соодветен начин бидејќи тие се важни за отчетноста и информациите за приспособливото управување (Критериум 7).

(15)

Критериум 1: Со РЗП ефективно се решаваат општествените предизвици

Глобален стандард на IUCN за решенија засновани врз природата

7

Општествени предизвици

1 Mont, F., Murti, R, Miththapala, S. and Buyck, C. (eds). (2017). Екосистемите ја заштитуваат инфраструктурата и заедниците: научени лекции и насоки за спроведување. Gland, Switzerland: IUCN.

https://doi.org/10.2305/IUCN.CH..2017. 14.en

Студија на случај: Идентификување општествен предизвик

1

Сенегал се соочува со конкретни ризици од климатските промени и катастрофи.

Влијанијата од климатските промени најмногу се карактеризираат со непредвидливи појави на дожд што резултираат со салинизација и деградација на почвата и придонесуваат кон ризиците за продуктивноста во земјоделството и во економскиот развој што произлегуваат од сушата и опустинувањето. Со употреба на методот Промовирање локални иновации, членовите на заедницата ги дефинираа нивните општествени предизвици како ризици од катастрофи, безбедност на храната и деградацијата на екосистемите. Иако, првично, проектниот дизајн имаше силен фокус врз приспособувањето кон климатските промени и врз намалувањето на ризикот од катастрофи, следејќи го процесот на планирање на заедницата,

раководителите со проектите ги редизајнираа активностите за да се вклучат сите идентификувани предизвици. Одржливите практики во земјоделството и јакнењето на локалната отпорност на луѓето и природата кон поплавите и влијанијата од салинизацијата на земјиштето беа решенијата за РЗП коишто се добија како резултат, заеднички дизајнирани со заедниците и спроведени во соработка со сите заинтересирани страни вклучени во процесот на консултации.

Релативно едноставно се постигна поголема инклузивност на локалните потреби во проектните приоритети и ова создаде придружни придобивки, како што е рехабилитацијата (обновата) на земјиштето, придобивки од биодиверзитетот и повисок принос од прехранбените култури.

Слика 4 Значајни општествени предизвици што се решаваат со РЗП. Првите шест предизвици, од лево кон десно, беа формулирани во рамките на дефиницијата на IUCN (IUCN, 2016). Седмиот општествен предизвик, запирање на деградацијата на екосистемите и загубата на биодиверзитетот, беше резултат од вторите консултации со јавноста за Стандардот © IUCN

Слика 5 Садници што растат во поле каде што има воспоставен метод за потпомогната природна регенерација, којшто е едноставен и евтин метод за обновување на земјиштето. Со задржување и поттикнување на

природната регенерација на садниците се зајакнува продуктивноста на почвата и садниците на крајот може да обезбедуваат сенка и заштита за културите, со што се придонесува кон отпорноста на екстремните настани. © IUCN/El Hadji Ballé

(16)

Критериум 2: Дизајнирањето на РЗП зависи од обемот

8

Глобален стандард на IUCN за решенија засновани врз природата

Критериум 2: Дизајнирањето на РЗП зависи од обемот

Насоки:

Целта на овој критериум е да поттикне дизајни на РЗП со коишто се препознаваат сложеноста и несигурноста што настануваат во живите динамични копнени/приморски предели. Обемот не се

применува само врз биофизичката или географската перспектива, туку и врз влијанието на економските системи, политичките рамки и важноста на

културните перспективи.

Дизајнот на РЗП ќе го вклучува знаењето на заинтересираните страни за интеракциите меѓу различните аспекти на копнените/приморските предели, со употреба на рамка со три скали каде што се земаат предвид деловите во копнените/

приморските предели; самите копнени/приморски предели; и пошироката животна средина околу копнените/приморските предели. Пример за претходното се домаќинства во села во рамките на локална област. Од овој аспект важно е да се разберат интеракциите што влијаат врз атрибутите како што се културните вредности, законите, почвата, шумите и водата, бидејќи се релевантни за оценката на ризикот од непосакувана промена или за веројатноста од креирање посакувана промена.

Со дизајнот на РЗП, целта е да се одржи

продуктивниот капацитет на екосистемите, како и производството на придобивките потребни за човековата благосостојба.

Показатели

2.1 Со дизајнот за РЗП се препознаваат и се обезбедува одговор на интеракциите меѓу економијата, општеството и екосистемите

Насока: Успехот на РЗП се утврдува не само со квалитетот на техничката интервенција туку, она што е клучно, и степенот на успешност на разбирањето на интеракциите меѓу луѓето, економијата и екосистемот, како и одговорот кон нив. За решенијата да бидат трајни и одржливи, за дизајнот на РЗП е потребно „системско“ врамување со кое се потврдуваат и се разгледуваат овие видови интеракции и се вградуваат во процесот на носење одлуки.

2.2 Дизајнот за РЗП е интегриран со другите комплементарни интервенции и бара синергии во рамките на секторите

Насока: Целта на РЗП ќе биде да ги надополнува и да соработува со другите видови на интервенции, како што се инженерските проекти, информатичката технологија, финансиските инструменти, итн.

Таквите дополнителни активности инхерентно бараат идентификација на синергиите во рамките на различните сектори, во согласност со специфичностите и контекстот на секоја ситуација.

2.3 Дизајнот за РЗП вклучува утврдување на ризиците и управување со ризиците и надвор од местата на интервенција

Насока: РЗП имаат потенцијал да влијаат позитивно или негативно, или да бидат под влијание на заинтересираните страни, интересите и екосистемите надвор од непосредната област на интервенција.

За решението да биде трајно и одржливо, таквите видови интеракции во рамките на областа на интервенција и околу неа треба да бидат разбрани и земени предвид во процесите на носењето одлуки. Во дизајнот за интервенција треба да се вградат соодветни можности за управување со ризици.

(17)

Критериум 2: Дизајнирањето на РЗП зависи од обемот

Глобален стандард на IUCN за решенија засновани врз природата

9

Дизајн приспособлив на обем

Студија на случај: Дизајнирање со приспособување на обемот – Спојување на РЗП со изградената инфраструктура за вода според сразмерни решенија

2 http://www.waterandnature.org/sites/default/files/wise_up_nibi_final_infographic.pdf

Преку применетото истражување во рамките на проектот WISE-UP to Climate (Проект за решенија за инфраструктура за вода), резултатите покажаа дека природната инфраструктура е клучен национален ресурс што ги поддржува основните средства за живот, го одржува економскиот развој и помага кон приспособувањето кон климатските промени во сливот на реката Тана (95 000 km2), Кенија. За сливниот систем на реката Тана беше изготвен симулациски модел за да се истражат влијанијата од промената на работењето на постојната изградена инфраструктура, за додавање нова инфраструктура (на пример, северен тунел за колектор на вода, брана на големите водопади, големи нови шеми за наводнување во близина на делтата на Тана) или за поголемо инвестирање во природната инфраструктура. За ова да се постигне, придобивките од природната инфраструктура беа препознаени и вреднувани, вклучувајќи ги и: сезонскиот риболов во подрачјата подложни на поплави, земјоделството во близина на подрачја подложни на поплави, риболовот во резервоарите, риболовот во естуарите, напасувањето на добитокот во подрачјата подложни на поплави и преносот на седименти од делтата до крајбрежјето. Во просек, тие годишно обезбедуваат повеќе од 170 милиони американски долари, главно за основни трошоци за

издржување мали фармери и сточари во долниот слив на реката Тана. Со отстранувањето или деградацијата на овие придобивки може да се појават зголемени тензии за земјишните и водните ресурси во долниот дел од сливот. Природната инфраструктура во сливот на Тана има придобивки и од обезбедувањето на услуги поврзани со водата и биодиверзитетот што произлегуваат од тековната изградена инфраструктура, која е со просечна годишна вредност од 139 милиони американски долари (УСД). Каскадата од брани во сливното подрачје на Тана обезбедува значајни економски придобивки: во однос на продажбата на електрична енергија – најмалку 128 милиони УСД на годишна основа, и од наводнување, 9 милиони УСД годишно. Од сливното подрачје се обезбедуваат 65 % од националните потреби од електрична енергија преку хидроенергијата и речиси целото водоснабдување за домаќинствата во Најроби, поточно за 4 милиони луѓе. Резултатите од WISE-UP покажуваат дека зголемувањето на тековните инвестиции во природната инфраструктура во горниот дел од сливот, како што се оние кои се реализираат од страна на Фондот за вода на Најроби, веројатно и понатаму ќе ја подобрува успешноста на браната и придобивките од заштитните мерки дури и при соочување со идните климатски промени2.

Слика 6 Приказ на факторите што се земаат предвид надвор од непосредната локација и интервенција, со цел земање предвид на можностите, ризиците и релевантните фактори на обем при дизајнирање на РЗП. За РЗП D, низводните РЗП В-С треба да се земат предвид вклучувајќи ги и другите видови интервенции, како што е земјоделството или патната инфраструктура.

При земањето предвид на обемот, може да се дизајнираат и да се комбинираат различни РЗП, како холистички пристап кон решавањето на општествениот предизвик/општествените предизвици.© IUCN

Слика 7 Колеги од Управата за управување со водни ресурси (УУВР) во Кенија додека инсталираат држачи за мерач на водостојот во реката Тана © CIAT/Georgina Smith

參考文獻

相關文件

Комиссия выполняет следующие задачи: обработка жалоб, разработка мнений/рекомендаций по отдельным случаям дискриминации; информирование населения о случаях

В начале 2017 года была принята четвертая Национальная стратегия борьбы с торговлей людьми наряду с Планом действий на 2017–2020 годы, где были определены

Этот подкомитет возглавляется первым заместителем начальника Главно- го полицейского управления в рамках деятельности по обеспечению прав чело- века

За период с 2011 года для сотрудников правоохранительных органов на уровне штатов и других уровнях было организовано в общей сложности 52 раб о- чих совещания

Беременные женщины имеют право на бесплатное обслужи- вание во всех государственных и частных больницах, заключивших соглашения с Министерством здравоохранения

Для реализации указанного Национального плана имеется целый ряд инструментов, в том числе: Информационная система по вопросам транспарентности,

a) В ответ на добровольное обязательство, взятое перед Советом по правам человека, Эквадор в сотрудничестве с Верховным комиссаром Органи- зации

Во взаимодействии с Инст и- тутом прав человека в 2014 году на эстонском языке было издано Руководство Совета Европы по вопросам образования в